Достапни линкови

Централна свеченост по повод Денот на АРМ


Горанчо Котески

Денеска пред зградата на Министерство за одбрана ќе се одржи централна свеченост по повод 18 август, Денот на Армијата на Република Македонија. Според дел од македонските медиуми кои се повикуваат на извори од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов на 23 годишнината на АРМ се очекува да биде соопштен наследникот на досегашниот началник на Генералштабот Горанчо Котески, на кој уште пред една година му истече тригодишниот мандат. Се наведува дека него ќе го замени генерал-мајор Методија Величковски за кого претседателот Иванов веќе го потпишал указот.

XS
SM
MD
LG