Достапни линкови

Бајден побара од Јанукович намалување на тензиите


Џо Бајден
Американскиот потпретседател Џо Бајден побарал од украинскиот претседател Виктор Јанукович да ја повлече полицијата за спречување на немири и да работи со опозицијата на намалување на тензиите. Во телефонскиот повик до Јанукович, Бајден побарал владата во Киев да преземе конкретни чекори за време на денешната специјална седница на парламентот, вклучувајќи и повлекување на антипротестните закони.
Тој рекол дека прогласување вонредна состојба во Украина би го затворила просторот за мирно решавање. Ова е втор пат Бајден да разговара со Јанукович за помалку од една недела. Белата Куќа претходно се закани со санкции спрема Киев доколку продолжи употребата на насилство.
XS
SM
MD
LG