Достапни линкови

САД демантираат вклученост во протестите во Турција


Џенифер Псаки
Соединетите држави енергично ги отфрлија обвинувањата за вклученост на американски организации или граѓани во антивладините протести во Турција. „Апсолутно ги отфрламе обвиненијата дека американски групи или лица носат одговорност за протестите во Турција или дека ги разгорувале“, изјави портпаролката на Стејт департментот Џенифер Псаки во врска со таквите наводи, објавени во турските медиуми. Таа додаде дека Соединетите држави се концентрираат на пвиците за смиреност и воздржаност. „Остануваме близок сојузник на Турција“, изјави Псаки. Потпретседателот Џо Бајден и државниот секретар Џон Кери упатија критики до Анакра за прекумерната употреба на сила од страна на полицијата.
XS
SM
MD
LG