Достапни линкови

Време е за вистинско младинско учество во Македонија


Даниел Калајџиески, Програмски координатор за млади во ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување и член на Иницијативниот одбор на формирање на Национален младински совет.
Даниел Калајџиески, Програмски координатор за млади во ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување и член на Иницијативниот одбор на формирање на Национален младински совет.

Самите младински организации, преку Националниот младински совет, сакаат да се организираат за да понатаму станат вистински партнери со државните институции при донесувањето на одлуки, пишува Даниел Калајџиески, програмски координатор за млади во ХЕРА, во младинската он-лајн-колумна на Радио Слободна Европа.

Колку пати само ја слушаме изјавата „младите се иднината“. Толку клише и толку често споменувана. И на крај се прашуваме дали кога тоа се изговара ја знаеме нејзината суштина и вистинското значење. Но уште повеќе, дали сите оние кои што тоа го употребуваат во својата секојдневна комуникација, во некој помалку или повеќе пригоден говор или, пак, кога сакаат да остават некаков впечаток пред заедницата, направиле барем чекор за да од една обична фраза тоа стане наше вистинско секојдневие.
Во својата основа овој Национален младински совет пред сè ќе биде претставничко тело на младите и младинските организации, ќе го промовира младинското учество, ќе ги обединува и развива младинските капацитети, ќе промовира младински активизам, ќе промовира плурализам, а најважно ќе ја има улогата на застапување во име на младите и младинските организации. Сето ова ќе се темели врз принципите на инклузивност, недискриминација, волонтерство, траспарентност и сите други вредности кои што ќе овозможат остварување на целите.

Се разбира, на ова прашање секој може да даде позититивен, негативен одговор или, пак, да премолчи и сетоа тоа зависи од тоа колку сакаме да се соочиме со реалноста. Ние, младите луѓе во Македонија, а според статистиката тоа се речиси една четвртина од вкупното население, преставуваме огромен капацитет да донесме вистински промени во ова општество. Но, промените ниту се случуваат преку ноќ, ниту, пак, ќе се случат ако не вложиме каков било напор. Како млади луѓе, за да бидеме носители на промени, потребно е да имаме активна улога во сите процеси, а најважно во она што се нарекува донесување на одлуки. Почнувајќи од најмалото микро ниво, во семејството во заедницата, па се до национално и глобално.

Во овие повеќе од дваесет години се случувале многу процеси и обиди, некој повеќе некои помалку искрени, во кои младите биле вклучени токму кога се донесуваат најважните одлуки, одлуки кои што не засегаат токму нас. Јас лично немам некое огромно позитивно искуство со тоа. Јас никогаш не сум бил дел од некоја училишна заедница, а уште помалку за време на студентските денови да бидам, ако не вклучен, барем информиран за работата на моите т.н претставници во некои т.н. парламенти. И се разбира важно е да бидеме дел од некаков систем, структура во која што ќе може да учествуваме во донесувањето на одлуки, не за да задоволиме постоење на некаква форма, туку да го искусиме сетоа тоа. Затоа што тоа искуство може да не направи активни и одговорни граѓани.

Јас не би анализирал, не дека не е тоа потребно, кој, зашто и кога не им овозможи на младите да бидат партнери и директни учесници, затоа што тоа може да биде само непотребно изгубено време и енергија. Она што е важно и на кое што целосно би се посветил е она што деновиве, месециве се случува кај нас, иницијативата за формирање на Национален младински совет.

Досега во Македонија не постоело или не опстојало (затоа што имало обиди, за некои знаеме, за некои можеби не) тело, платформа која ќе ги преставува интересите на младите. Тело кое што ќе биде значаен и активен партнер на сите релевантни институции, а најважно државните. Националниот младински совет претставува токму тоа. Претставничка чадор организација која на едно место ќе ги собере младинските организации, организациите кои што работат со млади, подмладоци на политички партии и други форми на здружување, каде што на организиран начин ќе се дискутира за состојбите во младинскиот сектор и ќе се донесуваат решенија.
Она што е најважно за овој процес е тоа што сетоа ова почнува да се случува по иницијатива на младите. Самите младински организации сакаат да се организираат за да понатаму станат вистински партнери со државните институции при донесувањето на одлуки. Вусшност вака поставенот систем, ќе им овозможи на младите на еден органиизран начин да го пренесат својот глас за да можат да влијаат во ова општество.

Но ова почна да се менува кон крајот на месец окотмври кога се оддржа Деновите на младинско здружување во Македонија. Овој настан поддржан од Европскиот младински форум и неформалната иницијатива Република Млади, им овозможи на 37 организации да разговараат за моделот на Национален младински совет во Македонија. Во својата основа овој Национален младински совет пред сè ќе биде претставничко тело на младите и младинските организации, ќе го промовира младинското учество, ќе ги обединува и развива младинските капацитети, ќе промовира младински активизам, ќе промовира плурализам, а најважно ќе ја има улогата на застапување во име на младите и младинските организации. Сето ова ќе се темели врз принципите на инклузивност, недискриминација, волонтерство, траспарентност и сите други вредности кои што ќе овозможат остварување на целите.

Националниот младински совет всушност ќе биде тело во кои што ќе членуваат младинските организации, тоа се организациите кои што се целосно раководени од млади и кои што работат со млади, понатаму организациите кои што работат со млади (организации кои што не се целосно управувани од млади, но тие им се приоритет), подмладоците на политичките партии, како и другите форми на здружување. Учествотото на секој од овие ентитети ќе биде утврдено низ консултативен процес, низ разговор и дискусија. Но, пред сè она што е најважно, на едно место ќе се работи и ќе се донесуваат одлуки од страна на младите и тоа за младинските прашања.

И се разбира сето тоа ќе функционира преку телата на Младинскиот национален совет. Собранието како највисок орган, потоа Управниот одбор, Претседателот, Генералниот секретар и Извршното тело.

Овој основен модел беше резултат на работата и дискусиите на преставниците на организациите кои беа дел од Деновите на младинското здружување. Но, овој процес продолжува токму сега. Инцијативниот одбор(во кој што ченуваат 16 организации) ќе спроведе широка дискусија со младинските организации и сите други засегнати страни, со цел да се постигне договор за конечниот модел кој што целосно ќе ги преставува интересите на младите. И овој консултативен процес во наредниот шестмесечен период ќе биде завршен со основачкото собрание кога и официјално ќе биде основан Националниот младински совет во Македонија.

Она што е најважно за овој процес е тоа што сетоа ова почнува да се случува по иницијатива на младите. Самите младински организации сакаат да се организираат за да понатаму станат вистински партнери со државните институции при донесувањето на одлуки. Вусшност вака поставенот систем, ќе им овозможи на младите на еден органиизран начин да го пренесат својот глас за да можат да влијаат во ова општество.

И се разбира сите оние кои што сакаат да се вклучат во целиот процес и дадам свој придонес може да пристап кон иницијативата. На овој начин младинските права во Македонија може да бидат остварени.
XS
SM
MD
LG