Достапни линкови

Вилијам Хејг во посета на Ирак


Вилијам Хејг
Британскиот секретар за надворешни работи Вилијам Хејг пристигна во Багдад во негова прва посета на Ирак, ветувајќи помош за оваа земја на нејзиниот пат кон стабилност. За време на посетата, Хејг треба да се сретне со премиерот Нури ал Малики, со шефот на дипломатијата Хошјар Зебари и со претседателот на парламентот Осама ал Нуџаифи.
Во соопштението од британскиот Форин Офис се вели дека во разговорите ќе стане збор за поддршката на Лондон на политичките процеси во Ирак, како и за насилствата во соседната Сирија.
Хејг ги осуди терористичките напади од претходните денови во Ирак, во кои загинаа повеќе од 100 луѓе
XS
SM
MD
LG