Достапни линкови

Израел ги откажа предвремените избори


Бенјамин Нетанјху
Израелскиот претседател Шимон Перес потврди дека премиерот Бенјамин Нетанјху ги откажа предвремените избори откако постигнал согласност со водечката опозициска партија да формира заедничка влада. Нетанјаху и лидерот на Кадима партијата Шаул Мофаз постигнале согласност Мофаз да биде заменик премиер. Посматрачите оценуваат дека ваквиот развој може да се рефлектира и врз израелскиот став спрема Иран, бидејќи Мофаз отворено се залага за израелски напади врз иранските нуклеарни постројки.
XS
SM
MD
LG