Достапни линкови

Пападимос изврши реконструкција на владата


Грчкиот премиер Лукас Пападимос
Грчкиот премиер Лукас Пападимос синоќа изврши реконструкција во неговата Влада, откако на 27 февруари оставка поднесе министерот за внатрешни работи Христос Папуцис. Пападимос за прв човек на ова министерство го именува досегашниот министер за регионален развој, конкурентност и трговска морнарица Михалис Хрисохоидис. Нов министер за развој е досегашниот министер за образование Ана Диамандопулу, која беше еврокомесар од 1999 до 2004 година, додека на функцијата министер за образование е именуван филологот Јоргос Бабиниотис.
XS
SM
MD
LG