Достапни линкови

Околу 80 илјади луѓе на бајрамска молитва на отворено во Москва


Околу 80 илјади луѓе се молат на улицата каде што беше главната московска џамија.
Десетици илјади мажи, рамо до рамо, клечат на студените улици на Москва на бајрамска молитва. Полицијата соопшти дека околу 80 илјади луѓе се собраа на улицата каде што беше главната московска џамија. Стогодишната џамија беше урната во септември, а новата што се гради до неа се уште не е завршена.

Се проценува дека во Москава живеат меѓу 2 и 5 милиони муслимани, но во градот има само неколку џамии. Многумина од оние што собраа храброст да одржат молитва на отворено на студеното време се доселеници од земјите од Централна Азија, кои до пред 20 години беа дел од Советскиот Сојуз.
XS
SM
MD
LG