Достапни линкови

Нереди по изборите во Тунис


Рашид Ганучи
Лидерот на умерената исламистичка партија која победи на првите слободни избори во Тунис повика на запирање на нередите до кои дојде во градот Сиди Бузид каде што всушнот и почна револуцијата во таа земја. Властите воведоа полициски час во градот откако приврзаниците на локалниот кандидат, незадоволни од резулатите, почнале протести. Рашид Ганучи, основачот на партијата Енханда, која доби 90 од 217 места во парламентот најави дека ќе формира широка коалиција која треба да ја замени преодната влада која владее во земјата по соборувањето на претседателот Бен Али во јануари годинава.
XS
SM
MD
LG