Достапни линкови

САД за проблемите на Косово и во БиХ


Викторија Нуланд.
„Соединетите Држави се загрижени за блокадите на патиштата во северниот дел на Косово“, изјави портпаролот на Стејт департментот, Викторија Нуланд, додавајќи дека во интерес на Србија и на Косово е да го продолжат напредокот пред инцидентите на граничните премини.

Таа во однос на ситуацијата во Босна и Херцеговина изрази разочараност што и една година по изборите не е формирана влада.

„Нејзините соседи се движат напред во своите напори кон интергација во Европската унија, а Босна и Херцеговина е заглавена во минатото и стагнира“, оцени Нуланд.
XS
SM
MD
LG