Достапни линкови

Белоруски опозициски лидер осуден на казна затвор


Андреј Саников
Белорускиот суд денеска му изрече казна затвор на опозицискиот лидер Андреј Саников. Тој е обвинет за организирање масовни протести по минатогодишните претседателски избори а осуден е на пет години зад решетки, спротивно на барањата на обвинителството за седумгодишна затворска казна. Саников беше еден од главните опоненти на актуелниот претседател Александар Лукашенко, кој на 19 декември доби уште еден мандат. До сега десетици опозициски активисти се појавија пред судот, соочени со обвиненија поврзани со протестите.
XS
SM
MD
LG