Достапни линкови

Почна состанокот во Париз за ситуацијата во Либија


Бунтовниците во Либија ја славеа одлуката на Советот за безбедност при ООН за затворање на воздушниот простор над земјата
Почна состанокот на лидерите од неколку земји во Париз на кој би требало да се дискутира за ситуацијата во Либија. Се претпоставува дека на средбата ќе се договори воена интервенција во северноафриканската земја, каде силите лојални на лидерот Муамар Гадафи се судираат со бунтовниците во градот Бенгази. Илјадници луѓе бегаат од истокот на Либија, додека војниците напредуваат во офанзивата на градот кој до сега беше под контрола на анти-владините демонстранти. Француските власти, пред почетокот на средбата во Версајскиот замок во главниот град на Франција, изразија надеж дека ќе се договори превземање на воени мерки против либијските власти. На самитот во Париз присуствуваат претседателот на Франција Николас Саркози, британскиот премиер Дејвид Камерон , американскиот државен секретар Хилари Клинтон, првиот човек на ООН Бан Ки Мун како и претставницина Африканската унија. Либијските власти не испратија свој претставник на настанот.
XS
SM
MD
LG