Достапни линкови

НБРМ-во 2011 се очекува раст на БДП од 3 насто


Гувернерот на Народна банка Петар Гошев
Гуверенерот на Народна банка Петар Гошев денеска изјави дека растот на БДП во првиот квартал на годината ќе биде 4,5 насто, а за целата година тој ќе изнесува 3 насто. Според Гошев таквите очекувања се поради натамошното подобрување на извозната побарувачка, инвестициите и вработеноста. Тој додаде дека се очекува поинтензивен раст на инфлацијата во однос на проектираниот, што би се одразило на очекувањата и побарувачката за девизи.
XS
SM
MD
LG