Достапни линкови

Русија бара ослободување на притворените демонстранти во Белорусија


Русија, жена протетсира пред белоруската амбасада во Москва во знак на поддршка на притворените во Белорусија
Русија денеска го повика белорускиот амбасадор во Москва да изрази разочарување поради апсењето на група граѓани по немирите на протестите по претседателските избори во Белорусија.
Русија неколку пати до сега побара од Белорусија да ги ослободи 11граѓани кои се во притвор од 11 декември. Судот во Минск вчера донесе одлука да останат во притвор се додека трае истрагата. Белорусија уапси стотици демонстранти по немирите кои избија на протестите откако заврши изборниот процес.
XS
SM
MD
LG