Подоброто рангирање на Македонија на ранг листата на земји за водење на бизнис, може да привлечат странски инвеститори, велат економистите. Но, сепак треба да има подобрување во сите критериуми за тоа да биде силен сигнал пред меѓународната бизнис заедница, велат тие. Македонија е трета земја топ реформатор, а како земја за водење бизнис е рангирана на 32 место, што е скок за 37 места, во однос на мината година, објави Светска банка. Професорот Зоран Ивановски вели дека ваквите анкети и анализи, особено ако се направени од релеванти институции, можат поволно да се одразат на општата економска состојба во државата. Ваквите анализи можат да привлечат и странски инвеститори, вели професорот Ивановски.
„Се разбира инвеститорите ги следат анализите и информациите од релевантни извори од компетентни институции, секоја анализа која е лиферувана преку вестите низ светот, а дава позитивно светло за државата, мислам дека може да донесе само бенефит.“
Претставникот на Светска Банка во Македонија, Маркус Репник, изјави дека не треба да се прави грешка и да се смета дека високото место на листата, автоматски значи и зголемени странски инвестиции или отварање на нови работни места. Во извештајот, Светската банка оценувала десет области. Македонија бележи напредок во категориите „ заштита на инвеститорите„ и „плаќање даноци“. А најслаби резултати има во „ регистрирање на имот“ и „затворање на бизнисот и добивање кредити.“.Шенај Хаџи Мустафа од Центарот за економски анализи, вели дека кога се толкуваат ваквите листи , не треба да се гледа само на кое место е земјата, туку и во што сме подобрени.
„Тоа значи дека треба да постои подобрување во сите свери, а не да се фалиме со подобрување на едни, а заостанување со други. Анализата покажува дека имаме лоши перформанси во поглед на заштита на сопственичките права и заштита на интелектуалната сопственост. Значи тоа сигурно дава лош сигнал за инвеститорите.“
И покрај високото место на Doing Busnis листата, сепак на Македонија на поле на економијата не и оди најдобро. Според податоците на заводот за статистика трговскиот дефицит за првите 7 месеци од годинава достигна 1 милијарда и 314 милиони евра. За истиот период вкупната размена е за 37,4% помала во споредба со истиот период лани.
Се разбира инвеститорите ги следат анализите и информациите од релевантни извори од компетентни институции, секоја анализа која е лиферувана преку вестите низ светот, а дава позитивно светло за државата, мислам дека може да донесе само бенефит