Достапни линкови

Сивата економија изнесува 5% од БДП


Истражувањето на Центарот за економски анализи покажува дека сивата економија изнесува околу пет отсто од Бруто Домашниот Производ. Според студијата околу 25% од граѓаните имаат лесен пристап до производителите и услугите од сивата економија.

Најмногу пари Македонците трошат на зелените пазари, а најмалку на бајачи и гатачи, според истражувањето на Центарот за економски анализи за тоа колку граѓаните даваат пари годишно на производи и услуги за кои не добиваат фискална сметка. Истражувањето е реализирано со цел да се одреди големината на сивата економија во занаетчискиот сектор. Граѓаните велат дека треба да се воведат фискални сметки, кај сите што се занимаваат со трговска дејност.

„Би требало, затоа што мислам дека така би се водела поголема евиденција и секој би си го плаќал данокот.“

„Ако треба фискални сметки тогаш треба да ги има секаде.“
есто пати е тешко тоа да се реализира, пред се заради тоа што се потребни финансиски стредства и чини да се регистрира претпријатие и затоа луѓето им е полесно да работат на еден начин нелегален. Потребно е време за луѓето да ги согледаат предностите, и затоа тие луѓе не можат да се интегрираат во националната економија


„Добро, тоа претставува сепак една евиденција за државата и за народот и за сите.“

Околу дведесет и пет проценти од граѓаните имаат лесен пристап до производите и услугите од сивата економија. Овие активности се навлезени во секојдневниот живот и тие мора да се интегрираат во официјалната економија, вели Христијан Ристески од ЦЕА.

„Потребно е тие да се интегрираат во националната економија, но тоа треба да биде изработено со долгорочна стратегија не со индивидуални мерки, и треба да им се обезбедат на овие луѓе придобивки во националната економија и треба да им се даде можност за регистрирање со плаќање на минимални даноци и паушали.“

Сивата економија постои секаде, но секоја земја настојува да ја намали. Луѓето кои работат нелегално се плашат од додатните давачки, кои ќе ги добијат, кога ќе го легализираат својот бизнис, вели професорката по трговско право Марија Зарезанкова Потевска.

„Често пати е тешко тоа да се реализира, пред се заради тоа што се потребни финансиски стредства и чини да се регистрира претпријатие и затоа луѓето им е полесно да работат на еден начин нелегален. Потребно е време за луѓето да ги согледаат предностите, и затоа тие луѓе не можат да се интегрираат во националната економија, токму поради тоа што се плашат од високи давачки.“

Во истражувањето на ЦЕА беа опфатени десет градови од земјава. Според нивните пресметки сивата економија изнесува околу пет проценти од Бруто Домашниот Производ.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG