Достапни линкови

Македонија има шанса за фер и демократски избори


Амбасадорот на ОБСЕ Хозе Луис Хереро
Амбасадорот на ОБСЕ Хозе Луис Хереро

Интервју со амбасадорот на ОБСЕ во Македонија Хозе Луис Хереро

Амбасадоре Хереро, со оглед на последните случувања во земјава (инциденти во Тетово, упад во партсики штабови..)можеме да кажеме дека ги исполнуваме условите за спроведување на фер и демократски избори?

Се надеваме дека овие избори ќе ги исполнат меѓународните стандарди. Дека сите политички актери, како и владата ќе ги оправдаат очекувањата на меѓународната заедница. Ова е нашата надеж. Се разбира дека се надеваме затоа што сметаме дека тоа е возможно. Предизборниот период почна, а условите можат да бидат исполнети. Сега е ред на сите актери да го направат тоа реалност. Имавме неколку мали инциденти во последниот период, не би сакал да го пренагласувам тоа, напротив треба да сме смирени и да продолжиме со подготовките за изборниот дел, со техничките подготовки, а политичките партии да се подготват за кампањата. Повторувам дека подготвките се во тек, и сега се е во рацете на учесниците.

Чиjа е одговорноста за евентуални изборни насилства?
Ако се случат инциденти, одговорноста е на сторителите. А механизмите да се спречат се во рацете на правниот систем и полицијата.

Ако се случат инциденти, одговорноста е на сторителите. А механизмите да се спречат се во рацете на правниот систем и полицијата. Одговорноста не е само до државните органи, тие треба да обезбедат услови, а политичките актери и граѓаните се играчите. Формално, одговорноста лежи во владините институции, а во реалноста кај сите.

Дали Македонија се соочува со безбедносни ризици во овој период?
Секој изборен процес носи одреден ризик, и тука и во која било демократска земја, тоа е момент кога политичкиот натпревар е понапнат. Тоа е истовремено и убавината на тој период, различни мислења се изложени пред јавноста, а на луѓето е да донесат одлука, тоа е клучот на демократијата.

Значи ние не сме исклучок?

Не сте исклучок во контекст на тоа дека чувствата се поизразени за време на овој период, а и ризиците истотака. Она што се случува тука е што имаме негативно искуство од минатата година. Но во исто време сега имаме шанса да го поправиме тоа. Значи ако сме загрижени тоа е поради минатогодишното искуство.

Но дали земјава може да се нарече стабилна, со оглед на фактот што вашата мисија е се уште тука?

Нашата мисија се смета за еден од факторите кои придонесуваат за стабилноста. Токму поради тоа сме тука, за да ја одржуваме таквата стабилност. Мислам дека на сите им е јасно дека ситауцијата е значително подобрена од 2001 година, но сепак тоа е субјективна проценка. Одредени ризици можат да преовладаат, некои се случија во јуни минатата година. Но нашата порака е порака на оптимизам, повторувам дека има подобрување на тој план и би требало да се продололжи во таа насока.

Каков е вашиот став за воведување на етнички смени во одредени училишта во земјава?
Она што фрустрира и што не е добредојдено, е кога младите луѓе не можат да учат заедно. Не верувам дека има некој кој на овој феномен гледа како на нешто позитивно.



Она што фрустрира и што не е добредојдено, е кога младите луѓе не можат да учат заедно. Не верувам дека има некој кој на овој феномен гледа како на нешто позитивно. Млади луѓе кои припаѓаат на различни етнички заедници или зборуваат на различни јазици, навистина не е важно, поентата е што барем најмалку треба да им биде дозволенода учат во исти простории. Во таа насока кој било механизам или инструмент што е базиран на нивна физичка поделба не може да се смета за нешто позитивно, за нешто што е нормално во 21 век. Значи припадници на различни етнички заедници, раси или вери си имаат свои посебни карактеристики и имаат посебни права, можат мирно да живеат во иста зграда, а наша надеж е дека тоа ќе го видиме и тука.

Имате ли впечаток дека меѓуетничката толеранција во земјава се влошува?
Се плашам дека не сум доволно долго време тука за да одговорам на ова прашање. Но она што мислам е дека настрана од елементите на формалниот соживот, кои се имплементитраат секојдневно, особено е важно да се нормализира интеракцијата меѓу етничките заедници. Да стане пријателска и кооперативна. Да не биде само прашање на право и закон, туку да стане социјална реалност.

Каква е според вас евроатланската иднина на Македонија?

Би сакал да мислам дека перспективите се добри, дека хоризонтот на оваа земја лежи во таа одредена географска средина и дека сите работат во таа насока.

Европската Унија неколкупати досега изрази загриженот за состојбата во македонските медиуми. Го делите ли и вие мислењето дека политкита се меша премногу во уредувачката политика на медиумите?

Политиката во медиумите не е лоша самата по себе. Во некои земји тоа всушност е и добро. Всушност улогата на медиумите е да бидат важен фактор кој придонесува за јавна дебата на идеи, значи во политиката. Но она што ни треба е да го заштитиме плурализмот во медиумите, во мислењата, да се обезбеди релативно ист третман на сите партии во медиумите. Во тој поглед, кампањата уште не е почната. Имаме засилен совет за радиодифузија кој го мониторира однесувањето на медиумите за време на изборната кампања, и можам само да се надевам дека покриеноста на истата ќе биде плурална, фер и во согласност со меѓународните стандарди.
XS
SM
MD
LG