Достапни линкови

Според експертите поддршката на земјава од новата администрацијата ќе зависи од нашето лобирање


Делегација од македонската амбасада во Вашингтон, ќе присустува на денешната инаугурација на новиот американски претседател Барак Обама, информираат од владата. Оттаму велат дека нашата стратегијата без разлика на промената на американската администрацијата нема да се менува, – САД се наш стратегиски партнер и политиката на градење на добри и партнерски односи со Вашингтон останува иста, велат од владата од каде додадваат дека се надеваат и дека американската политика кон нас нема да претрпи промени. Владинот портпарол Шефик Дураки изјавува:

„Пораката ,,Да, ние можеме“ е една силна порака за целиот свет, се отвара една нова страница во историјата на демократијата. Во однос на Македонија убедени сме дека политиката на Америка нема да се промени, исто така убедени сме дека Америка и понатаму ќе биде еден силен поддржувач, еден голем пријател и сојузник на Република Македонија на патот кон евро-атлантските интеграции.“

Од Кабиенетот на шефот на државата Бранко Црвенковски исто така ја потврдуваат оваа наша цврста политика на градење на стратешко партнерство со Соединетите држави, но велат со оглед на претстојните избори, применувањето на таа политика ќе зависи од новиот претседател. Веќе од утре, велат оттаму македонската дипломатија е на тест, да направи добар концепт преку кој ќе настапиме организирано, за што е можно подобро да ги претставиме нашите интереси пред новата американска администрација на Обама, посебно околу прашањето што најповеќе не засега – спорото со иметот со соседна Грција од што пак зависи нашето членство во НАТО. И домашната експертска јавност на став дека во поглед на решавањето на овој за нас клучен проблем, сега се ќе зависи од нашата умешност за лобирање:

„Секогаш зависело од нас, во меѓународните односи нема љубов, нема емоции, има интереси. Тој што умее да ги проектира своите интереси и да ги интегрира во интересите на земјите ,,главни играчи“ несомнено ќе има успех.“

„Ние не треба да очекуваме радикални промени во нивниот однос кон нас, но наша обврска и должност на нашата држава и дипломатија е, нашето прашање да го туркаат што повисоко во приоритетите на САД.“


Изјавуваат аналитичарите Слободан Чашуле и Алберт Муслиу.
XS
SM
MD
LG