Достапни линкови

Обид за придобивање гласачи пред изборите, или?


Скопје е главен град на Дарданија, полицијата врши геноцид врз албанскиот народ во Македонија- овие но и ваквиот тип на изјави во последниве неколку месеи ги пласираат политичарите од партиите на албанците во земјава. Заострената реторика доага во период кога во Косово се подгреваат тензиите поради незадовослтвото од распоредувањето на мисијата Еулекс а српската полиција во Прешево уаспи десетина припадници на поранешната ОВК. Од владеачката ДУИ не сакаа да коментираат што точно влијае врз ваквите изјави на политичарите. Илијаз Халими од ДПА пак тврди дека една од причините се престојните локални и претседетлски избори во Македонија поради кои тврди Халими МВР ги презема своите акции во периодов

„Сакаат пред локалните избори да го поправат рејтингот кај македонскиот блок“

Халими ги поврзува и случувањата во регинот. Вели дека акциите на српската полииција се сихронизирани со десјтвувањата на македонската.И Професорот Јован Донев како причина за заостарнета реторика ги споменува и престојните избори но според него тие влијаат пред се врз изјавите на албанските полтичари

„Проблемот е што албанските политички партии во Македонија доминанто своето гласачко тело го добиваат со кршењето на човековите права на Албанците во Македонија. Постојано бараат причина да извршат мобилизација, немаат некоја друга програма. “

Во мегувреме пак се почести се изјавите пред се на eксопертите од албанскиот корпус кои предупердуваат дека не влегувањето на земјава во НАТО и европската унија може да предизвика и дестабилизација на земјава. Според Донев таквите прогнози имаат за цел да ја ослабат позицијата на Македонија во процесот на преговори со Грција:

„Концетрација на настани има во моментов во регионот и од тие причина има заострена реторика.“

Секако дека врз заострената реторика покрај изборите влијае и состојбата со евроа атлснаките интеграции на Македонија и нивното значење за албанците и случлувањата во Прешево и Косово вели аналаитичарот Алберт Муслиу.

„Ако земете предвид дека планот од шест точки не е прифатен од косовската власт. Ако земете дека во прешевската долина се апсат бивши војници на ОВК, во Македонија имаме зголемени полициски акции, гледате во еден контекст и можете да добиете впечаток дека е пошироко сценарио за дестабилизација. Јас не верувам дека тоа се случува, но и тоа има влијание врз реториката на политичките партии.“
XS
SM
MD
LG