Достапни линкови

Обама во предност пред изборите со над 10 проценти


Во Соединетите држави се одржа третата и последна дебата меѓу двајцата претседателски кандидати Демократот Барак Обама и Републиканецот Џон МекКејн пред ноемвриските избори. Оваа дебата, беше најборбена со акцент врз економските проблеми и се смета дека тешко оти таа ке смени нешто. Обама имено води со над 10 проценти разлика пред Џон МеКејн.

Последната дебата пред изборите на 4 Ноември наликуваше на боксерски ринг во кој лут предизвикувач беше Сенаторот Џон МекКејн, додека неговиот противник кандидатот на Демократскста партија Барак Обама танцувал задавајки лесни удари. Економијата беше главна тема иако не изостанаа обвинувањата за негативна кампања. На пример МекКејн од минатото на Обама извади контроверзна фигура која републиканците ја нарекоа домашен терорист. Во текот на дебата , Обама претежно насмеано одговараше на обвинувањата. Тоа според посматрачите му го овозможи убедливата предност од, според Си Би Ес, дури 14 проценти. Како и да е Обама враќаше поврзувајки го МекКејн со политиката на неопопуларниот Претседател Џорџ Буш

„Во врска со економските прашања кои се значајни за американците. за даночната политика, за енергијата за приоритетите на потрошувачката вие сте подржувач на политиката на Претседателот Буш.“

Кандидатот на Републиканците Џон МекКејн одговори.

„Сенаторе Обама, Јас не сум Претседателот Буш. Ако сакавте да се натпреварувате со Буш требаше тоа да го направите пред 4 години. Јас ке и дадам нов правец на економијата на нашата земја.“

И двајцата кандидати, инаку го подржаа планот на Претседателот Џорџ Буш од 700 милијарди долари за спас на финансискиот систем, но велат до тука е согласноста а од тука почнуваат разликите. Планот на МекКејн за излез од кризата се базира врз намалени даноци за големите компании кои според него се двигател на американското производство и креатор на работни места. Тој исто така се залага, владата да откупи околу 11 милиони хипотеки за домови проблематични за американските граѓани. Обама од друга страна се залага за пониски даноци за околу 90 насто американци, а за покачување на даноците за лица со примања над 250 илјади долари годишно. Тој, исто така, понуди даночни олеснувања за нови вработувања и се заложи за вадење пари од пензиските фондови без плаќање пенали.
XS
SM
MD
LG