Достапни линкови

Ниту косовските институции, ниту меѓународните организации неможат да го контролираат увозот


На Косово ,,цвета“ шверцот со нафта. Откако непосредно по прогласувањето на независноста, беа уништени царинските пунктови на граничните премини Брњак и Јариње – на северот од Косово, косовските власти неможат да го контролираат увозот на стока која доаѓа од Србија, како и производите од другите држави кои доаѓаат преку овие гранични премини.

Додека царинската служба на Косово оценува дека кога станува збор за илегалниот увоз и трговија со нафта и нафтени деривати не се работи за големи количини, економските експерти проценуваат дека во северниот дел на Косово се одвива значајно криумчарње, посебно со производи кои подлежат на акциза. Шпенд Ахмети директор на Институтот за економски истражувања во Приштина вели дека не само институциите на Косово, туку ниту меѓународните инститиуции не можат да го контролираат увозот на производи на северно Косово:

„Најмногу се криумчарат производи кои што се најпрофитабилни, пред се нафта и нафтени деривати.“

вели Ахмети кој додава дека сето тоа влијае врз намалувањето на приходите во буџетот на Косово и им нанесува штета на граѓаните. Во меѓународната администрација, која во моментов е преокупирана со реконфигурација на мисиите, велат дека од криумчарањето штета имаат и Косово и Србија и дека за решавање на овој проблем ќе треба време:

„Што се однесува до шверцот можам да кажам дека и двете страни поради тоа трпат големи загуби и тоа е една од причините поради која многу бргу ќе треба да се воспостави контрола на царинските пунктови.“

изјавува Александар Иванко портпарол на УНМИК. Тој смета дека проблемот не треба да се решава ,,со сила“ туку со договор меѓу двете страни, Приштина и Белград, кои трпат штети. Економскиот експерт Ахмети не се согласува со овој став. Според него косовските институции мора да обезбедат владеење на законот на целата територија:

„Не сметам дека ова прашање треба да се решава со испраќање на барање до Белград, туку со воспоставување на ред и контрола на граничните премини на северот од Косово, како најдобра опција, а доколку тоа е невозможно тогаш треба да се воспостави контрола во други делови, со што ќе се спречи криумчарењето.“

изјавува експертот Ахмети.
XS
SM
MD
LG