Достапни линкови

Процедурата за добивање македонска виза понекогаш трае со месеци


Поголемиот дел од граѓаните кои сакаат да излезат од земјава, секогаш се судираат со комплицираните и долги процедури за вадење на виза. Но и оние кои имаат желба да ја посетат Македонија,а за кои исто така им треба виза за влез во земјава се соочуваат со проблеми. За ова говори индиецот Раџат Бадани кој околу два месеца чека одговор од македонскиот конзулат во Лондон. Причината за доаѓање во Македонија е посета на неговиот пријател Никола кој го запознал работејки на еден заеднички проект на интернет.

„Македонија е место за кое што многу луѓе и не слушнале. Покрај тоа што сакав да дојдам како турист и да ја истражам ова земја, со мојот пријател Никола кој исто така и ми испрати гарантно писмо, сакав да разговарам и за отпочнување на бизнис во Македонија, бидејки кога бев во македонската амбасада во Лондон таму видов рекламни материјали Инвестирај во Македонија и во кои пишуваше дека Македонија е земја на ниски даноци и дека многу лесно може да се отпочне бизнис... Но како да размислувам за инвестирање кога неможеш да добиеш виза?“

истакна Бадани и додава дека ова не му е првпат да патува во земја за која му е потребно виза

„Имам приближно 20 визи, и имам патувано скоро низ сите земји во Европа, Азија и Австралија, но првпат аплицирам за виза за источноевропските земји, и од ова лошо искуство за мене можам да констатирам дека сеуште овие земји имаат влијание од Советскиот Совет,дваесет години предходно.“

Од Министерството за надворешни работи пак информираат дека за странските државјани на кои им е потребно виза за влез во Македонија апликантите треба да имаат покана,односно гарантно писмо од страна на македонски државјанин за лицето кое аплицира за виза, две фотографии, пополнета апликација, патничко осигурување, и важечка патна исправа.

„Доколку документацијата на апликантот е исправна процедурата не трае подолго од два дена,“

изјави Петар Чулев од одделението за односи со јавност на МНР и додава

„Најчесто апликантите се одбиваат поради непоседување документација, или ако МВР не издаде согласност за издавање на виза за странскиот државјанин.“

Инаку на жителите од вкупно 146 држави во светот им се потребни визи за влез во земјава меѓу кои и Индија.

Засега, националниот визен центар е поврзан со 22 дипломатско конзуларни преставништва на Република Македонија и наскоро целокупната мрежа на конзуларните преставништва на Македонија ќе биде поврзани со националниот визен центар, со што ќе се убрзаат процедурите за визи, информираат од министерството за надворешни работи.
XS
SM
MD
LG