Достапни линкови

Македонија не ги исполни изборните стандарди


Со вчерашниот изборен ден, Македонија не ги исполни главните меѓународни стандарди, се наведува во изјавата на Меѓународната набљудувачка мисија. Мисијата предводена од ОБСЕ/ОДИХР наведе дека ова е последица на организираните обиди за насилно прекинување на изборниот процес во делови каде живеат етнички Албанци, каде гласачите беа спречени слободно да ја изразат својата волја на повеќе места. Меѓународната набљудувачка мисија ја сочинуваат Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ/ОДИХР, Парламентарното собрание на ОБСЕ и Парламентарното собрание на Советот на Европа. „Значителен дел од гласачите беа лишени од правото да ја изразат својата волја на овие избори поради неодговорните, насилни и деструктивни постапки од страна активистите на двете големи партии на Албанците. Ваквите активности го нарушуваат демократскиот процес и не придонесуваат за интеграцијата на земјата во европските и транс-атлантските структури,“ изјави Мевлут Чавусоглу, Претседател на делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа. „За жал, непреземањето адекватни мерки во врска со бројните прекршувања за време на кампањата не придонесоа за спречување на сериозните инциденти кои се случија на денот на изборите. ОБСЕ ќе контролира дали властите ќе преземат сериозни мерки во врска со прекршувањата, а ќе го надгледуваме и повтореното гласање, “ рече Роберт Бери, претседател на долгорочната мисија на ОБСЕ/ОДИХР за надгледување на изборите. Организираните напори на насилен начин да се наруши изборниот процес кој се случија во претпладневните часови, направија да биде невозможно за избирачите во многу места слободно да ја изразат својата воља, се наведува во извештајот. И покрај тоа што клучните заложби на ОБСЕ и Советот на Европа не беа исполнети конечната проценка делумно ќе зависи од тоа дали властите темелно ќе ги истражат сериозните кршења на законот и од тоа какви чекори ќе преземат. Мисијата предводена од ОБСЕ ќе продолжи да врши набљудување на процесот, вклучително и на сите прегласувања. Во извештајот се посочува дека во предизборниот период тензиите беа високи во регионите со доминантно етничко албанско население што резултираше со заплашувања на избирачите и службениците кои учествуваа во спроведување на изборите. Ситуацијата во останатиот дел од земјата беше доста посмирена, заклучува ОБСЕ. Кампањата на СДСМ беше манипулирана со активностите на партија со слично име. Во тој контекст се уште се води истрага за тоа дали кандидатите од таа партија се имаат согласено да бидат вклучени на листата. Одделни владини кампањи за публицитет им овозможија дополнителна предност на партиите од коалицијата на владата.Во извештајот се наведува дека ДИК општо земено дејствуваше на транспарентен и ефикасен начин успевајќи да ги почитува сите рокови
XS
SM
MD
LG