Достапни линкови

Кумановскиот суд блокиран поради штрајкот на судиите поротници


Кумановскиот суд се наоѓа во незавидна финансиска ситуација. Судиите поротници повеќе од две години не добиле надомест, па неодамна ја блокираа работата на судот. Некои велат, во севкупната состојба има политика:

„Не можам да одговорам дали има или нема политика. Факт е дека побарувањата не се надмирени. Тие со право штрајкуваат. Од судскиот совет ми ветија дека скоро ќе има посебен буџет, пуштен и за нив, со што ќе бидат надмирени нивните побарувања,“

вели претседателот на судот Селвер Исмани и додава:

„Претседателот на судот не може да преиначува пријави од кривични во прекршочни, затоа што нема ингеренции да интервенира, затоа што судијата е независен.“

Зошто кумановскиот суд заостанува во ажурноста, а по бројот на предметите и бројот на жителите што ги покрива е веднаш зад Скопје 1:

„Ажурноста е зголемена. Можностите објективно, и бројот на судиите не кореспондира со бројот на жители.“

Кумановксиот суд должи 25 милиони денари на разни побарувачи.
XS
SM
MD
LG