Достапни линкови

Избегнувајте долго и неконтролирано изложување на сонце


Долгото и неконтролирано изложување на сонцевите зраци предизвикува прерано стареење на кожата и појава на кожен карцином, предупредуваат лекарите. За да се спречат евентуалните штетни последици од ултравиолетовото зрачење, дерматолозите препорачуваат

„Да избегнуваат сончева инхалација богата со УВБ зраци во текот на денот, од 11 до 15 часот. Да не остануваат долго време неподвижни на сонце, да започнуваат со краткотрајна експозиција на сонце со постепено продолжување, да употребат фотозаштитни препарати, како витамин ББ, каротини... Значи, да се хранат повеќе со витамински препарати или храна и локални заштитни средства со висок заштитен фактор“,

советува примариус доктор Лозена Захариева Миновска

И граѓаните велат дека подолгиот престој на сонце им пречи и оти во зависност од финансиската состојба, одбираат на каков начин ќе се заштитат од штетните зраци.

„Обично седам под сенка. Па, и не излегувам, цело време сум дома“
„Очила, капа, со млеко за сончање“
„Постојат разни средства за заштита, ама прашање е колку си во можност да ги користиш“
„Па, секогаш гледам квалитетен крем, апсолутно квалитетна. Особено за лице, за тело, најдобро што може да се пронајде“.
„Не, какви се финансиските можности, просто не може да се опстане, а камоли да се купуваат креми“


И во аптеките потврдуваат дека во овој период од годината е забележана зголемена продажба на кремите за заштита од сончевите зраци. Порано луѓето не купуваа такви средства, но во последно време се забележува промена во навиките, велат фармацевтите.

„Има најразлични препарати, почнувајќи од тие што чинат 200-300 денари, па до 1800 денари, со тоа што има посебни препарати за лице, посебни за тело. Многу битно е барем за низ град, лицето и откриените делови од телото да бидат покриени со заштитен фактор“.

За граѓаните кои ќе заминат на летување, а кои лекарите советуваат задолжително користење на креми за сончање со висок заштитен фактор, особено кај оние кои имаат посветла боја на кожата.
XS
SM
MD
LG