Достапни линкови

Новинарите скептични за имплементацијата


Речиси секојдневно новинарите во својата работа наидуваат на пречки најчесто кај државните органи кога треба да се даде некоја информација од јавен карактер. За ова говори искуството

„Пример најсвеж е отфрлањето на кривичната пријава на претседателот Црвенковски против колегата Младенов, обвинителството ја отфрли пријавата, а обвинителот Зиков цела недела го немаше да ја потврди информацијата,“

изјави Дијана Младеновска од дневниот весник Време.

Поради недобивање на информацијата на време, новинарите велат, најчесто ги бараме податоците по неформални канали, пракса што би требало да се надмине со законот за пристап до информации од јавен карактер

„Секако дека мора да има заонска материја, но таа не треба да ја усложни нашата работа и не треба да се заглавиме во пополнување хартии,“

изјави Владимир Мирчевски, новинар во телевизијата Канал 5. Некои сметаат дека многу е важно и како ке се имплементира законот, односно дали ке се почитува

„Кога ќе дојде законот да биде имплемнтиран, ќе не пренесат суви преку вода. Ни прават шема во која ги дисперзираат ингеренциите, имате многу инстанци, сите се огдоворни, но никој не ја презема одговорноста,“

изјави Игор Мицевски од неделникот Форум плус.

Наскоро се очекува во земјава да се усвои закон за слободен пристап до информациите. Верзијата на законот која е во собраниска процедура наиде на многу критики, владата дел од нив прифати. Како барањето за воспоставување на независна комисија која ке го следи спроведувањето на законот, наместо министерството за правда, потоа ослободување од одговорност на вработен во државната администрација кој ке даде заштитена информација, доколку таа е од значење за откривање на злоупотреба на службената должност и коруптивно однесување. За оние кои пак нема да дадат информација предвидени се парични казни

„Казните во основа се и за лицето, одговорното лице во институцијата и за правното лице кое нема да обезбеди слободен пристап до информации. Казните се движат од 20 до 50 илјади денари,“

изјави Климе Бабунски од невладината организација Про медиа.
XS
SM
MD
LG