Достапни линкови

Легитимна демократска пракса или непристојност


Меѓупартиски преговори како легитимна демократска пракса за време на изборите или непристојни пазарења што функцијата претседател на сите граѓани не ја заслужува. Ова се двете варијатни на опишување на редовната појава особено меѓу два изборни круга за добивање на гласовите на кандидатите што не влегоа во вториот круг. Во финишот на скусеното предизборие кандидатот на социјалдемократите Бранко црвенковски веќе ја обезбеди подршката на демократската унија за интеграција. Сашко Кедев пак не преговара и обвинува

„Се вршат интензивни преговори, се вршат непристојни преговори политички пазарења кој што водат кон промена на уставот на Република Македонија, промена и давање на витални министерски места.“

Портпаролот на изборниот штаб на Кедев Лазар Темелков тврди:

„Со демократската партија на Албанците не е разговарано и нема д абиде разговарано затоа Што сметавме, сметаме и натаму Ќе сметаме дека функцијата председател на Република макеоднија не може да бид епредмет на пазарење.“

Обвинувањата за непристојни пазарања и преголеми одстапки за ДУИ социјалдемократските ги толкуваат како:

„Нечиста совест бидејќи сите овие работи за кои говори Кедев и ВМРО ДПМНЕ беа токму методите и сценаријата што тие ги користеа во времето кога тие беа на власт“

изјави Борис Кондарко.

И од ДУИ чиј што довчерашен каднидат Гзим Острени ја презема улогата на координатор на двата изборни Штаба за подршка на Црвенковски велат дека не се пазареле, иако неофицијално како ветената награда се посочува спикерското место партијата на Ахмети. Портпаролката Ермира Мехмети објаснува:

„Ние не сметаме дека со нашите партнери треба да се пазариме, ноп морам да кажам дека промените, било какви, се веројатно нормална појава во развојот на еден процес.“

Оној што ќе ви каже дека нема политички пазарења:

„Или не е упатен или си игра мајтап со вас“

вели политикологот Панде Лазаревски. Она што според Лазаревски е неизвесно не е праксата за политичко преговарање туку дали партијата која подржува може да обезбеди механичко прелевање на гласовите добиени во првиот круг затоа што, посочува Лазаревски, електоратот веќе не е наивен:

„Сметам дека до толку механичко прелевање на гласовите малку потешко дека ќе дојде и дека сепак луѓето колку и да се поведуваат по она што Ќе го добијат како инструкција од своите партиски штабови сепак помалку размислуваат и со сопствена глава. Евидентна е еволуцијата во политичката зрелост на граѓаните.“
XS
SM
MD
LG