Достапни линкови

Унифицирани плати за европарламентарците од 9000 евра месечно преамбициозни


Неколку земји членки на Европската Унија, меѓу нив Германија и Франција, ги блокираа обидите на европарламентарците да си ги унифицираат своите плати. Тие сметаат дека предложните плати од скоро девет илјади евра месечно се премногу амбициозни во ова време на економски рестрикриции.

Политичарите најчесто се многу таинствени за нивните примања. Токму затоа од време на време ова прашање го свртува вниманието на јавноста. Овој пат Европскиот парламент се најде во вестите поради неуспешниот обид да го смени системот на плати за неговите членови. Многу години парламентарните лидери потрошија на изнаоѓање унифицирано плаќање и дојдоа до решение, девет илјади евра месечно, плус трошоците. Тоа значи дека таквите плати, посебно за оние пратеници од земјите кои допрва ќе влезат во Унијата, ќе бидат неколку пати поголеми од примањата на нивните премиери дома. Новиот систем на исплата е предложен со цел да се направи поголема контрола на трошоците на парламентарците и да се намалат разликите во нивните примиња. Имено, сегашниот систем им овозможува на евро пратениците да си бараат исплата на патните трошоци без да покажат соодветна сметка колку ги чинел службениот пат. Сега платите на парламентраците се одредуваат според платите на нивните колеги дома. Така например, италијанските пратенци месечно добиваат единаесет илјади долари, додека литванските околу триста и пеесет. Аналитичарот Габриел фон Тогенбург вели дека ваквите разлики се лоши за моралот на пратениците.

„Очигледно е дека не е многу мотивирачко ако работите некаде каде што постојат такви разлики во платите. Но, од друга страна, не е добар знак за европската јавност стандарзирањето на примањата да биде на највисоко можно ниво. Мислам дека тоа не е добро во атмосфера кога насекаде се прават напори за намалување на трошоците во јавниот сектор.“

Со вакво образложение беше и одбивањето на предлогот ос страна на минстерскиот совет во Брисел, што пак, од парламентаците беше прифатено со разочарување.

„Постои огромно чувство на разочараност бидејќи ние се надевавме дека ова прашање ќе го решиме пред изборите за парламентот во јуни. Со ваквото решение на советот на министрите сега сме заглавени и изгледа дека не ќе можеме да дојдеме до унифицирани плати ни во наредниве пет години.“

Вели Дајана Валас, пратеничка во европарламентот од Британија.
XS
SM
MD
LG