Достапни линкови

МВР ја контролира ситуацијата во кумановско-липковскиот регион


Кумановско - липсковскиот регион е под контрола на македонските безбедносни сили и тие немаат намера да отстапат од определабата населението од овој регион да се заштити од криминално - екстремистичките групи, велат во МВР.

Македонската полиција се наоѓа околу населените места и ја контролира состојбата, вели портпаролот на МВР Мирјана Контевска. И АРМ врши засилена контрола на границата со Србија и Црна Гора во делот кон Косово. И таму не се забележани обиди за илегални преминувања. Инаку, во Ваксинце, десетина пратеници на ДУИ, партија која партиципира во владината коалиција, во отсуство на нејзиниот лидер Али Ахмети како и пратениците Исмет Рамадани од ПДП и независниот пратеник Цевдет Шаќири, веќе три часа разговаат со жителите на Ваксинце и припадниците на оружените групи кои оперираат во ова село во обид да ги убедат на мирен нашин да се решат нивните барања. Во меѓувреме пак, т.н. АНА преку нивната Интернет страна објави дека го става во мирување ултиматумот за повлекување на македонските безбедносни сили од кумановски 0 липковскиот регион и тоа како што велат, сугестиите на меѓународниот фактор во земјава, пред се ОБСЕ и политичките партии на Албанците во Македонија кои побаале да не се делува еднострано во прифаќањето на нивните барања.

Во Ваксинце додека траат разговорите на албанските пратеници може да се забележат вооружени лица кои претежно се во цивилна облека, но има и такви кои носат црни униформи, но без озналки. Освен повлекувањето на полицксите сили, тие бараат и ослободување на Амни Ајети и Сулејман Сулејмани, кои се уапсени по обвинување за поставување експлозивни направи во Куманово и Сопот, како и целосно чочитување на законот за амнестија. Овие барања до извршната власт треба да ги пренесат токму пратениците на ДУИ. Македонската влада пак останува на ставот дека нема преговори, ниту разговори со криминално - екстремистички групи, велат во македонскта влада.
XS
SM
MD
LG