Ова е фаза на разговори. Во овој период ние ќе ги анализираме американските аргументи и ќе го разгледаме текстот на спогодбата предложен од нивната страна, изјави шефицата на македонската дипломатија Илинка Митрева, во врска со барањето на САД Македонија да заземе став за склучување билатерален договор со кој земјава ќе се обврзе да не ги испорачува американските државјани на меѓународниот кривичен суд. Во услови на преговори и закани за укинување на воената помош од страна на Вашингтон и сугестиите на Брисел од друга страна, македонската дипломатија упатува и до собранието како последен арбитар.
„На владата ќе и биде поднесена информација и таа ќе заземе став. Исто така, сметам дека ова треба да биде и предмет на расправа во парламентот“.
рече Митрева по разговорите со нејзиниот колега од Ирска, земја која идната година го презема водството со ЕУ. А, пораката на Европа е јасна, американското барање ги нарушува принципите на меѓународното право. Се надеваме дека во решавањето за или против билатералниот договор, Македонија ќе го има предвид ставот на ЕУ:
„На крајот на краиштата Македонија е земја аспирант за Европската Унија и би било штета доколку таа го потпише овој договор кој ќе го потцени концептот на меѓународното право за чие создавање ни требаа толку многу години,“
рече Ѓузелова.
Министерката Митрева пак, вели, не трпиме притисоци ниту од едната, ниту од другата страна.
„Го знаеме ставот на Европската унија по однос на ова прашање, го знаеме и ставот на САД и сето тоа го земаме предвид кога ги разгледуваме предлозите што доаѓаат од САД“.
Сепак, доколку до 1-ви јули, Македонија не се согласи на потпишување на ваков договор, би ја загубила воената помош од САД, која според министерот за одбрана Владо Бучковски е значителна:
„Во однос на воената соработка, САД се меѓу нашите најголеми партнери. Сметам дека над 10 милиони долари е можната воена помош што Македонија во догледно време може да ја искористи од САД“.