Достапни линкови

„Не е смешно“, коментарите на Помпео за изборите и авторитетот на САД во светот


државниот секретар Мајк Помпео
државниот секретар Мајк Помпео

На својата позиција како главен американски дипломат, државниот секретар Мајк Помпео е задолжен за промовирање на демократските вредности низ целиот свет. Но, забелешката што ја направи за исходот од неодамнешните претседателски избориво САД, можеби на шега, испраќа збунувачки сигнали.

Коментарите на Помпео кои фрлаат сомнеж врз изборот на поранешниот потпретседател Џо Бајден за следен претседател на САД предизвикуваат загриженост и негодување, при што многумина се прашуваат каков сигнал неговите забелешки можат да испратат до луѓето во Соединетите држави и во странство.

Неговите забелешки доаѓаат кога тој треба да замине на турнеја за време на која ќе ја посети и Грузија, која е зафатена со протести по тврдењата на опозицијата за местење на гласови на последните парламентарни избори.

Тој ќе ги посети и Турција, Израел и Обединетите Арапски Емирати и најверојатно ќе се состане со светските лидери кои веќе му честитаа на Бајден.

Иако останува нејасно дали се шегуваше, коментарите на Помпео кои подразбираа дека претседателот Доналд Трамп се уште може да биде реизбран беа неверојатни, со оглед на тоа што Трамп одби да ја признае победата на Бајден.

И покрај фактот што Бајден обезбеди доволно гласови во Изборниот колеџ за да ја добие претседателската функција, Трамп и неговата кампања изнесоа неосновани обвинувања за изборни измами и се обидуваат да ги поништат резултатите преку судовите.

Зборувајќи на прес конференција во Вашингтон Помпео беше запрашан дали Стејт департментот работи со Бајден за да се обезбеди непречена транзиција на власта.

Трамп прогласен за победник на Алјаска и ја стеснува победата на избраниот претседател Бајден

Притоа тој одговори дека очекува „непречена транзиција, но кон втората администрација на Трамп“.

Помпео подоцна ги отфрли како „смешни“ сите сугестии дека тврдењата на Трамп без докази за широко распространета измама може да му наштети на кредибилитетот на Америка, додавајќи дека Трамп можеби победил на изборите.

„Нашите противници треба да знаат дека сме подготвени, ние продолжуваме да работиме, ќе работиме до јануари. И тогаш на 20 јануари ќе имаме транзиција, без разлика дали станува збор за втора администрација на Трамп за која зборував денес - или за администрација предводена од Бајден “, рече тој во интервју по прес конференцијата.

Во друго интервју, овој пат за Фокс њуз, Помпео го предупреди тимот на Бајден за, како што рече, несоодветни разговори со странски лидери. Тој посочи на законот Логан од 1799 година, со кој им се забранува на приватни граѓани да ја водат надворешната политика во име на Соединетите држави.

Ердоган му честита на Бајден за победата на изборите

Марк Такано, демократски член на Претставничкиот дом од Калифорнија, изрази вознемиреност од коментарите на Помпео.

„Работата на секретарот Помпео е да критикува авторитарно однесување во странство, но неговите коментари се потсмев на нашиот сопствен демократски процес“, напиша Такано на Твитер.

Бајден, барем јавно, се појави да ги отфрли забелешките на Помпео, велејќи: „нема докази“ што ги поддржува тврдењата за изборна измама.

Елиот Енџел, претседател во заминување на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом
Елиот Енџел, претседател во заминување на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом

Елиот Енџел, претседател во заминување на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом оцени дека Помпео „не треба да си игра со неосновани и опасни напади врз легитимноста на изборите“.

„Стејт департментот сега треба да започне да се подготвува за преминот на новоизбраниот претседател Бајден“, наведува Енгел, кој беше гласен критичар на Помпео.

Бајден побара единство на нацијата во победничкиот говор

Ричард Хаас, американски дипломат и претседател на Советот за надворешни односи, рече дека времето и контекстот значат дека изјавите на Помпео не се шега.

„Во друг контекст, во друг свет, во друго време, коментарот на Помпео за преминот кон втората администрација на Трамп можеби е смешен. Но, не во овој контекст, во овој свет, во ова време. Премногу се за нашата демократија и нашата позиција“, напиша тој на Твитер.

Ги Верхофштад, поранешен белгиски премиер, го крена сеништето на рускиот претседател Владимир Путин, обвинувајќи го Помпео на Твитер за „опасно подготвување на теренот за авторитаризам во стилот на Путин!“

Помпео на новинарско прашање за тоа како ќе се толкува отфрлањето на Трамп на изборните резултати во странство и дали ставот на Трамп ја загрозува позицијата на САД одговори:

„Поставивте прашање што е смешно. Овој оддел длабоко се грижи за да се осигури дека изборите низ целиот свет се слободни и фер, а моите службеници ги ризикуваат своите животи за да се осигурат дека тоа ќе се случи“.

Во блиското минато, Помпео и Стејт департментот изразија загриженост за нерегуларностите на изборите од Танзанија до Брегот на Слоновата Коска и Белорусија.

Помпео: Ако Русија плаќа Талибанци да убиваат Американци, ќе зажали
please wait

No media source currently available

0:00 0:05:20 0:00

На Александар Лукашенко од Белорусија му беше доделен уште еден мандат на изборите на 9 август, кои Западот ги оценија дека се наместени.

Западот одби да го признае Лукашенко за легитимен лидер на Белорусија, а десетици белоруски официјални лица беа санкционирани од Соединетите држави, како и од Европската унија, во услови на бран протести кои беа сурово потиснати од режимот на Лукашенко.


Државниот секретар на САД, Помпео во посета на Грција

„Ние сакаме добри резултати за белорускиот народ и ќе преземеме активности во согласност со тоа“, изјави Помпео за РСЕ во Прага на 12 август.

Сега, 66-годишниот Лукашенко кој е на власт од 1994 година, ги искористи сомнежите за претседателските избори во САД, за да посочи дека Белорусија неправедно се издвојува.

„Да видиме како ОБСЕ ќе реагира на ова“, беше цитиран Лукашенко на 7 ноември од државната новинска агенција „Белта“. „Ајде да почекаме и да видиме дали германскиот парламент, ќе побара нови избори во Соединетите држави“.

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро Каракас, 10 ноември 2020 година
Претседателот на Венецуела Николас Мадуро Каракас, 10 ноември 2020 година

Во извештајот од јануари 2019 година реизборот Николас Мадуро не беше признат од САД и другите западни земји, а Стејт департментот напиша: „На 10 јануари, мандатот на поранешниот претседател Николас Мадуро заврши. Тој се обиде да остане на власт врз основа на неговото тврдење за „победа“ на претседателските избори нашироко осудени како неслободни и нефер“.

Од друга страна Трамп му честиташе на Путин за неговиот спорен реизбор во 2018 година, иако во неговите кратки белешки за телефонскиот повик беше напишано: „Не честитај“.

Трамп му честиташе и на актуелниот кениски претседател Ухуру Кенијата за „мирниот, фер и транспарентен натпревар“ во 2017 година, иако Врховниот суд на Кенија подоцна го поништи тоа гласање.

На неговата претстојна турнеја, Помпео треба да ја посети Грузија, каде што се протестира поради обвинувањата на опозицијата за местење на гласови за време на неодамнешните парламентарни избори.

Во своите разговори со високи грузиски официјални лица, Помпео, според американската амбасада во Грузија, ќе изрази „поддршка на САД за суверенитетот и територијалниот интегритет на Грузија“ и „ќе побара понатамошен напредок во демократските реформи“.

Дали неговите неодамнешни забелешки ќе ја намалат таа порака, останува да видиме.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG