Достапни линкови

Вести

Романија не дозволила испорака на руско оружје во Србија

Романија објави дека ја блокирала руската воена испорака во Србија поради меѓународните санкции против Москва за нејзините акции во Украина.

Во изјавата објавена на 26 јули, романското Министерство за надворешни работи соопшти дека не може да издаде дозвола за транзит за пратката поради ембаргото на Европската унија, воведено во 2014 година. Во соопштението не се дадени дополнителни детали.

Според агенциите, српски официјални претставници овој месец се пожалиле дека Романија - која е членка на НАТО - спречила испорака на околу 60 руски тенковски тенкови и оклопни возила што требало да се испорачаат од Русија преку реката Дунав до Србија.

Но, руското Министерство за одбрана негираше дека ќе испрати таква испорака на оружје во Србија.

Ахмети: Oпозицијата треба да соработува за законот за ЈО

Претседателот на ДУИ Али Ахмети
Претседателот на ДУИ Али Ахмети

Претседателот на ДУИ Али Ахмети по средбата со американскиот државен секретар Филип Рикер ијави дека опозцијата треба да соработува со сите политички фактори во државата, но и со меѓународната заедница за да се донесе новиот закон за обвинителство.

"Меѓународната заедница како стратешки партнер на земјава бара што е можно поскоро да се усвои законот за ЈО. Што се однесува до опозицијата тие би требало да имаат предвид дека треба да комуницираат и да соработуваат со политичките сили во земјата но и со меѓуародната заедница затоа што прашањата се меѓусебе поврзани, изјави Ахмети по средбата со Рикер.

Топлотниот бран заканувачки за ледот на Гренланд

 Гренланд.
Гренланд.

Топлотниот бран кој зафати делови од Европа најверојатно дека ќе се придвижи кон Гренланд, а тоа би можело да ја загрози ледената обвивка, објавија денеска Обединетите нации.

Топлиот воздух кој се движи од Северна Африка вчера го надмина европскиот просек на рекордни температури за 2, 3 или 4 степени целзиусови, рече Клер Нулис, портпаролка на Светската метеоролошка организација, опишувајќи го феноменот како "апсолутно неверојатен".

Нулис на редовниот брифинг на ОН во Женева изјави дека "според предвидувањата ... атмосферскиот проток сега ќе ја пренесе таа топлина кон Гренланд",

Мразот на Гренланд е клучен дел од глобалниот климатски систем и неговото топење ќе резултира со зголемување на нивото на морето и климатските промени. Мразот на Гренланд брзо се топи во последниве недели, рече таа, цитирајќи податоци од дански научник за клима. "Само во јули изгубени се 160 милијарди тони мраз преку топење на површината.

Рикер: Очекуваме конструктивност за законот за јавно обвинителство

Вршителот на должност помошник државен секретар на САД Филип Рикер.
Вршителот на должност помошник државен секретар на САД Филип Рикер.

"Имавме искрен и отворен разговор со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски и со претставници на партијата во кој ги повторив истите пораки како и утрово. Се надевам на позитивен исчекор кога станува збор за владеењето на правото, СЈО и за Јавното обвинителство, бидејќи тоа е многу важно за европската перспектива на Северна Македонија, изјави вршителот на должност помошник државен секретар на САД Филип Рикер по едночасовната средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во седиштето на партијата.

"САД ќе продолжат силно да ја поддржуваат Северна Македонија во отворањето пристапни преговори со ЕУ. Ние ќе продолжиме да ве поддржуваме, но останува на политичките чинители во земјава да постапат правилно, да не играат игри, конструктивно да соработуваат заради иднината на земјата", додаде Рикер.

Белорусија најавува протестна нота за тврдењето на Милошоски

Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски
Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски

Почесниот конзулат на Република Белорусија во Скопје и Амбасадата на Република Белорусија во Белград преку допис до медиумите информира дека "сè што беше искажано во вчерашното обраќање на пратеникот Антонијо Милошоски во Собранието на Република Северна Македонија се, едноставно, лажни вести". Од таму додаваат дека во врска со овој случај подготвуваат и протестна нота.

Од конзулатот во Скопје наведуваат дека ниту до Амбасадата на Република Белорусија во Белград ниту во Почесниот конзулат на Република Белорусија во Република Северна Македонија во Скопје не се доставени жалби, или дека стопанственик што бил примен на разговор се пожалил за какви било проблеми

"На ден 25 јули 2019 година се извадени лажни вести од страна на пратеник на Собранието на Република Северна Македонија, Антонио Милошоски кои беа проследени во електронските медиуми. Сакаме да посочиме воедно и да потврдиме дека се што беше искажано се едноставно лажни вести" наведуваат од Почесниот конзулат на Белорусија во Скопје.

Претникот Милошоски на вчерашната седница на Собранието на Република Северна Македонија посветена на пратенички прашања рече дека во Кабинетот на премиерот Зоран Заев дошол белорускиот амбасадор во врска со случај во кој на бизнисмен од Битола, кој добил тендер да работи со РЕК Битола, му биле побарани 250 илјади евра. Тврдењето беше одбиено од премиерот Заев.

Ердоган: Рускиот систем С-400 ќе биде оперативен во април

Турскиот претседателот Реџеп Тајип Ердоган
Турскиот претседателот Реџеп Тајип Ердоган

Турскиот претседателот Реџеп Таип Ердоган денеска потврди дека Турција планира да го започне користењето на ракетниот одбранбен систем С-400 во април.

"Наредната пролет, во април 2020 година, ќе можеме да го користиме овој систем", рече Ердоган на собирот на неговата Партија за правда и развој (АКП) во Анкара.

Воените претставници на САД и НАТО долго време се спротивставуваа на купувањето на С-400 од Русија, велејќи дека тоа не е компатибилно со воените системи на сојузот и дека ќе ги загрози новите авиони Ф-35 што ги користи Западот.

Русија овој месец почна со испорака на компоненти на системот С-400, а Вашингтон реагираше со тоа што ја исклучи Турција од својата борбена авионска програма Ф-35.

Ердоган, исто така, рече дека Турција ќе се сврти кон други можности за набавка на борбени авиони ако САД не им ги испорачаат Ф-35.

Заев ќе го разгледа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за СЈО

Премиерот Зоран Заев
Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев најави дека викендов ќе го разгледува предлогот за судбината на СЈО што денеска го предложи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој рече дека се е вредно за размислување.

"Ние сакаме да го осигураме обвинителниот систем на Република Северна Македонија заради тоа што огромен дел од тоа е нашето правосудство со што ќе го осигураме и нашето идно членство во Европската унија преку октомврискиот Самит", изјави Заев.

Премиерот нагласи дека важно е да се обезбеди иднина на предметите на СЈО, и да нема влијание од политичарите врз правниот систем.

"Сите предлози ќе бидат ставени на маса со цел навремено да се донесе консензуално законско решение за судбината на СЈО", вели Заев.

Јанакиески доби нови 30 дена притвор

Миле Јанакиески пред Суд
Миле Јанакиески пред Суд

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и останатите осомничени во истрагата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, добија нови 30 дена притвор, потврдија од Кривичниот суд.

Судот одлучувал по предлозите на Обвинителството на сите да им биде продолжен притворот. Јанакиески и останатите осомничени имаат право на жалба до кривичниот совет на судот.

Протест за поддршка на Ел Чека, неговата мајка тврди дека ја нападнал член на ДУИ

Ел Чека
Ел Чека

Стотина демонстранти попладнево, на плоштадот Скендербег во Скопје, одржаа протест за поддршка на кичевецот кој под псевдонимот Ел Чека објавува аудио снимки за наводни коруптивни дејства на високи челници од ДУИ. Организатор на протестот беше семејството на Ел Чека.

Според мајката на Ел Чека, протестот почнал со инцидент во кој, како што изјави таа за медиумите, „била нападната заедно со нејзиот втор син, од страна на членот на ДУИ, Исмет Гури“, при што ѝ била нанесена повреда на раката.

Исмет Гури е обвинет во „Титаник“ како член на Општинската изборна организација во Чаир.

Барние: Барањата на Борис Џонсон за Брегзит се неприфатливи

Главниот преговарач на ЕУ за Брегзит, Мајкл Барние, ја критикуваше желбата на новиот британски премиер Борис Џонсон повторно да преговара за договорот за излез на Велика Британија од Унијата, објавија новинските агенции.

Џонсон рече дека ирскиот дел од договорот што го договори неговата претходничка, Тереза Меј, е мртов и ќе мора да се отстрани. Но, Берние во четвртокот рече дека ставот на новиот премиер на Велика Британија е „неприфатлив“ и испрати имејл до земјите-членки на ЕУ, предупредувајќи дека „борбениот“ говор на Џонсон укажува на исход без договор.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG