Достапни линкови

Вести

Дачиќ: наскоро одам на Косово

Српскиот премиер Ивица Дачиќ
Српскиот премиер Ивица Дачиќ
Српскиот премиер Ивица Дачиќ енеска изјави дека наскоро ќе го посети Косово, бидејќи сака да им даде поддршка на србите да излезат на претстојните избори. „Тоа не е помош за косовскиот премиер Тачи, туку за нашиот народ за да имаме свои органи на Косово“, рече тој, не наведувајќи кога би можело да ја оствари неговата посета. Веднаш потоа премиерот на косово Хашим Тачи изјави дека неговата влада нема да дозволи изборни посети, туку само оние што имаат верски или сличен карактер. Инаку, Дачиќ прецизира дека на вчерашните разговори со Тачи и со шефицата на европската дипломатија Ештон било договорено посетите за време на изборите да бидат коректни. Локалните избори на Косово се закажани за 3 ноември годинава.

Пешевски: предлогот за враќање на ДДВ е неодржлив

вицепремирот за економски прашања Владимир Пешевски
вицепремирот за економски прашања Владимир Пешевски
Неаргументиран, паушален и неодржлив, направен без доволно анализа и проценка. Ова е оценката на вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски по предлогот на лидерот на СДСМ Зоран Заев за враќање на ДДВ на секој граѓанин. Пешевски потсети дека оваа Влада изврши намалување на даноците, на персоналниот данок од доход и на данокот на добивка на 10 проценти. Зaев денеска презентира проект за поврат на ДДВ, прв од новата партиска програма што е во подготовка, а чија основна порака е „Да ја вратиме средната класа“. Се предлага на секој краен потрошувач да му се враќаат 15 проценти од платениот ДДВ. Со тоа, вели Заев, на граѓаните ќе им бидат вратени 8 милијарди денари годишно, а на секое семејство кое поседува фискални сметки меѓу 20 и 30 илјади денари годишно.

Прва вакцина во светот против маларија

A
A
Британскиот произведувач на лекови ГлаксоСмитКлајн побара дозвола за продажба на првата светска вакцина против маларија. На денешниот медицински собир во Јужна Африка оваа фирма соопшти дека неколкумесечните испитувања покажале дека вакцината скоро го преполовила бројот на децата заболени од маларија. Во неколкумесечните испитувања биле вклучени над 15 илјади деца во седум земји. Од ова заболување годишно умираат над 650 илјади деца, главно во Африка.

Светот економски закрепнува, ама пребавно

Главниот економист на Меѓународниот монетарен фонд Оливер Бланшар
Главниот економист на Меѓународниот монетарен фонд Оливер Бланшар
Главниот економист на Меѓународниот монетарен фонд Оливер Бланшар денеска во Вашингтон оцени дека заздравувањето од економската криза продолжува, но оти тој процес одел премногу бавно. Според него, се уште биле присутни многуте услови кои доведоа до кризата. Тој прецизира дека тука пред се станува збор за големите јавни долгови, како се уште недоизградената архитектура на финансискиот ситем.

Втор тим инспектори во Сирија

Организацијата за забрана на хемиското оружје денеска испрати втор тим експерти во Сирија за проширување на мисијата за уништување на сирискиот хемиски арсенал. Тие треба да и се приклучат на првата група која деновиве почна со елиминирањето на боевите отрови. Се проценува дека Сирија поседува илјада тони хемиско оружје.

Германска делегација во посета на Македонија

Делегација од Германија, меѓу кои и претставници на 13 германски компании од областа на енергетиката, металопреработувачката индустрија, информатичката технологија и медицината ја посетија Технолошката индустриска развојна зона Скопје 1 во Бунарџик. „Македонија и Баварија традиционално негуваат посебни економски односи. Минатата година размента изнесуваше 675 милиони евра. По одржаните деловни средби помеѓу германските и македонските стопанственици се надеваме дека овој размената ќе се зголеми, изјави Мартин Кнап, директор на Претставништвото на стопанска комора на Германија во Македонија.

Турција да плати над 12.000 евра отштета на новинари

Абдула Ѓул
Абдула Ѓул
Европскиот суд за човекови права денеска пресуди дека турските власти треба да им исплатат над 12.000 евра на новинари и на сопствениците на весникот „Џумхуриет“, поради кршење на слободата на изразување. Во април 2007 година, во пресрет на претседателските избори во Турција, двајца новинари од весникот објавија статија „Турските исламисти имаат за цел да ја преземат власта“. Во анализата бил вклучен цитат од интервју, што во 1995 година за „Гардијан“ го дал сегашниот претседател Абдула Ѓул. „Тоа е крајот на Турската република - сакаме да го промениме системот“, изјавил Ѓул за британскиот весник. По објавувањето на статијата во весникот „Џумхуриет“ турски Суд го забрани објавување на изјавата.

Српската влада со строги мерки за штедење

министерот за финансии на Србија Лазар Крстиќ
министерот за финансии на Србија Лазар Крстиќ
Српската влада денеска објави мерки за штедење, вклучувајќи план за кратење на една четвртина од платите во јавниот сектор. Станува збор за пакет од шест мерки што ги презентираше министерот за финансии Лазар Крстиќ како дел од напорите за редуцирање на јавниот долг и за избегнување банкрот. Исто така се предвидува зголемување на данокот на додадена вредност од 8 на 10 насто за основните артикли и кратење на државните субвенции. Надворешниот долг на Србија изнесува 19 милијарди евра.

СДСМ со проект за враќање на ДДВ на граѓаните

Претседателот на СДСМ Зоран Заев
Претседателот на СДСМ Зоран Заев
Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска презентира проект за поврат на ДДВ на секој граѓанин, прв од новата партиска програма што е во подготовка, а чија основна порака е „Да ја вратиме средната класа“. Се предлага на секој краен потрошувач да му се враќаат 15 проценти од платениот ДДВ. Со враќањето, вели Заев, на граѓаните ќе им бидат вратени 8 милијарди денари годишно, а на секое семејство кое поседува фискални сметки меѓу 20 и 30 илјади денари годишно. Според Заев, враќањето на ДДВ-то кон граѓаните ќе се прави квартално, а по враќањето на целокупниот износ кон граѓаните, во државниот буџет ќе останеле околу 2 милијарди денари, односно повеќе пари отколку сега. Лидерот на СДСМ најави дека откако ќе ги слушнат предлозите, сугестиите и критиките од граѓаните кон средината на декември ќе го заокружат конечниот текст и содржина на партиската програма.

Во државните институции во Турција може и со фереџе


Турција ја укина забраната за носење фереџиња во државните институции, како дел од поголемиот пакет реформи. Премиерот Реџеп Таип Ердоган изјави дека се укинува забраната кој била против духот на турската република. Забраната, која беше во сила од 1925-та година, сепак останува да важи за судството и армијата. Критичарите го обвинуваат Ердоган за уривање на секуларните основи на Турција.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG