Достапни линкови

Вести

Груевски:невработеноста е намалена од 38 на 28,8 насто

Невработеноста од 38 отсто денес е намалена на 28,8 проценти, што е серизно придвижување и тоа во период на светска и европска криза кои серизно влијаат на економијата, изјави денеска премиерот Никола Груевски.
Во такви непријатни околности кога најголем дел од земјите во Европа бележеа зголемување на невработеноста, посочи премиерот, Македонија бележеше намалување на невработеноста и тоа не за 10 отсто туку за 10 проценти поени.
Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали Владата ќе спроведе ревизија на процесот на вработување во „Македонски шуми“, појасни дека приемот на 1.600 лица не подразбира нивно вработување во „Македонски шуми“ туку распределба во сите државни институции.
Тој истакна дека во „Македонски шуми“ веројатно ќе останат на 50 или 60 лица од овие 1.600, а сите останати ќе се распределат по другите институции.

СДСМ побара објаснувања за вработувањата во „Македонски шуми“

СДСМ денеска ја обвини власта дека со необјавувањето на ранг листата на луѓето кои не добиле работа во „Македонски шуми“, а се вистински социјални случаи, одземено им е правото на приговор.
- СДСМ бара јавни одговори како меѓу вработените од Гостивар, во групата на самохрани родители е вработен член на ВМРО-ДПМНЕ, кој има сопруга, сопственичка на фризерски салон, а и тој самиот има приватна фирма, праша денеска на прес-конференција членот на ИО на СДСМ Хари Локвенец.
Тој наведе повеќе неправилности за вработувањата во „Македонски шуми“ како за вработување на 21 лице од Свети Николе кои се подржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, за веќе вработено лице во конфекција од Карбинци, и за вработен од Штип, член на вјадејачката партија.
Локвенец праша како од 44 лица од Охрид кои се вработени во „Македонски шуми“ девет воопшто не постојат, и како меѓу 30 примени од Струмица, дури 12 не постојат.
Нагласи дека бројката од пријавените 23 илјади граѓани за вработувањата во „Македонски шуми“ покажува дека власта продуцира сиромаштија, која е и предмет на манипулации

По трагедијата на мигрантите, премиерот на Малта во Триполи

Премиерот на Малта пристигна во Триполи на разговори околу прашањето на мигрантите кои ја користат Либија како стартна точка за да стигнат до европските крајбрежја.
Јозеф Мускат пристигна во ненајавена посета на Триполи по неколкуте неодамнешни трагедии што се случија во Медитеранот каде што стотици мигранти се удавија при потонување на бродови.
Најновата трагедија се случи во петокот јужно од италијанскиот остров Лампедуза.

Мали: недостасуваат уште 160 патници од потонатиот брод

Преживеаните од бродот кој потона во централниот дел на Мали во петокот рекоа дека недостасуваат уште 160 лица кои биле на бродот. Бродот со повеќе стотици патници се преврте во рекате Нигер додека патниците спиеле а се верува дека на бродот имало најмалку 400 патници. Бродот патувал од градот Морти кон градот Тимбукту а се превртел на 4 километри од најблискиот крајбрежен град Коне. Спасени се 210 лица. МНогумина од патниците биле ученици кои се враќале од училиште а останатитпатници кои с евраќале дома за претстојниот муслимански празник Курбан бајрам.

Евакуирани 1500 цивили од бунтовничко предградие на Дамаск

Сиријскиот Црвен крст објави дека околу 1500 цивили се евакуирани, воглавно жени и деца од едно предгрдие на Дамаск кое е во најголем дел под контрола на бунтовниците и со месеци под опсада на сиријската војска.Цивилите се евакуирани од местото Мудамијат ал-Шам кое им служи на бунтовниците како база за напад на главниот град и е секојдневно гранатирано од страна на сиријската војска.

Индија:60 мртви во стампедо пред верски храм


Индиската полиција соопшти дека во стампедо на мост пред Хинду храм загинале најмалку 60 лица а повредени се 100-тина. Полицијата исто така рече и дека уште десетици е возможно да се загинати откако скокнале во водата во областа Дача. Десетици илјади луѓе беа собрани во храмот Ратангарх на верски собир. Официјални лица рекоа дека стампедото било предизвикано од гласини дека мостот може да падне отккао претходниот ден бил погоден од трактор.

Русија: Во сообраќајka загинаа 13 странски работници

Во судир меѓу минибус и камион во јужниот руски регион Самара, загинаа 13 странски работници а двајца се повредени. При директниот судир минибусот се запалил. Портпаролот на полицијата рекол дека возачот на минибус заспал и паднал со главата на воланот. Тој ја пеживеал несреќата и е уапсен. Според неговите изјави, несреќата е предизвикана од дупната гума.

Москва:нападнат заменик уредникот на „Новаја газета“

Заменик уредникот на рускиот опозициски весник„ Новаја Газета“, Сергеј Соколов, наводно бил претепан и ограбен во Москва. Полициски извори за некои медиуми откриле дека тој бил нападнат додека доаѓал дома и му била одземена торба со лаптоп. Тој бил однесен во болница каде што му била пружена медицинска помош но одбил хоспитализација. Уредникот на„ Новаја газета“ го потврдил случајот. Во 2012 година Соколов јавно кажал дека добивал закани од шефот на истражниот комитет на Русија, Александар Бастрикин.„ Новаја газета“ е познат по своите истражувачки стории за корупција и злоупотреби

Ирак:Во бомбашки напади убиени осум а повредени 43 лица

Во неколку бомбашки напади низ Ирак денеска се убиени осум а најмалку 43 лица се повредени полициски извори. Во Ирак е во тек најтешкиот бран на насилства во изминатите неколку години, што ги зголемува стравовите дека земјата се движи кон целосни граѓански сидири. Од Мисијата на ООН за помош на Ирак изнесоа податоци дека од јануари до септември годинава во Ирак се убиени шест илјади а повредени повеќе од 14 илјади лица.

Индија: од циклонот Фалин загинаа седум лица, еден милион се евакуирани

Силен циклон ја погоди Индија предизвикувајќи ветер од 200 километри на час, кој што се пресели и во внатрешноста. Официјални лица за справување со катастрофи рекоа дека на патот на циклонот се наоѓаат 12 милиони луѓе. Најмалку седум жртви се пријавени, најмногу од паднати дрвја. Сепак, најголемата евакуација до сега во земјата, беше заслужна за спасување на многу животи. Циклонот Фалин се очекува да ја намали силата како се приближува кон внатрешноста во државите Одиша и Андра Прадеш. Пред 14 години слично невреме однесе над 10 000 жртви во истиот регион.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG