Достапни линкови

Вести

Расмусен: НАТО отворено за земјите од Западен Балкан

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен
Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен
Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен денеска во Дубровник изјави дека вратата на Алијансата останува отворена за земјите од регионот. Тој оцени дека во тој процес на реформи може многу да им помогне Хрватска. Расмусен престојува во Дубровник во рамките на четиридневното заседание на Парламентарното собрание на НАТО на кое учествуваат 300 парламентарци од земјите членки, но и од партнерските држави.

Поголем поттик за разоружувањето во светот

 Ахмет Узумчу
Ахмет Узумчу
Директорот на Организацијата за забрана на хемиското оружје која денеска ја доби Нобеловата награда за мир Ахмет Узумчу изјави дека наградата ќе ги поттикне нејзините и онака неуморни напори за разоружување во светот. „Искрено се надевам дека заедно со Обединетите нации ќе успееме да придонесеме за мир во Сирија“ рече тој во Хаг, каде што е седиштето на организацијата чии експерти го надгледуваат уништувањето на сирискиот хемиски арсенал. Портпаролот на опозицискиот Сириски национален совет Калед Салех денеска во Истанбул оцени дека доделувањето на наградата на Организацијата за забрана на хемиското оружје претставува иронија и оти таа нема да придонесе за постигнување мир во Сирија. „Меѓународната заедница не стори ништо за запирање на крвопролевањето“, рече тој.

Азербејџан ги отфрла критиките за изборите

Илхам Алиев со сопругата Мехрибан
Илхам Алиев со сопругата Мехрибан
Официјален Баку ги отфрли критиките на Западот за неправилности на вчерашните претседателски избори на кои Илхам Алиев со огромно мнозинство гласови доби трет мандат како шеф на Азербејџан. Претседателот на Изборната комисија Али Хасанов изјави дека извештајот на ОБСЕ бил базиран само врз информации на опозицијата. Тој додаде дека земјата ќе ја преразгледа нејзината натамошна соработка со ОБСЕ. Според официјалните резултати, кандидатот на опозицијата Камил Хасанли добил само 5 насто од гласовите.

Бродска несреќа во близина на Египет

илустрација
илустрација
Најмалку 12 емигранти се удавиле, а 116 биле спасени откако нивниот брод денеска се превртел во близина на египетското пристаниште Александрија. Според некои наводи, повеќето од патниците биле палестинци и сиријци. Инцидентот се случи една недела откако повеќе од 300 имигранти загинаа кога нивниот брод потона во близина на италијанскиот остров Лампедуса.

Сноуден се сретнал со татко му во Москва

Лон Сноуден
Лон Сноуден
Поранешниот соработник на американските разузнавачки служби Едвард Сноуден се сретнал со неговиот татко на непозната локација во Москва. Лон Сноуден вчера пристигнал за да го посети неговиот син кој од Русија доби едногодишен привремен азил откако обелодени информации за американските разузнавачки напори во Соединетите држави и во други земји. Официјален Вашингтон бара ексрадиција на Сноуден.

Ахмети ја заврши посетата на Брисел, Хаг и Париз

Претседателот на ДУИ Али Ахмети ј
Претседателот на ДУИ Али Ахмети ј
Претседателот на ДУИ Али Ахмети ја заврши посетата на Брисел со средба со новоименуваниет директор на Директоратот за проширување на ЕУ Кристиан Дениелсон. Ахмети, како што соопшти неговиот кабинет, меѓудругото, приредил и работен ручек за постојаните претставници на Грција и на Бугарија при ЕУ. Ахмети му честитал на Дениелсон за новата задача и изразил надеж дека Македонија ќе добие датум за преговори за време на неговиот мандат. Лидерот на ДУИ ги навел достигнувањета на Македонија во соработка со меѓународната заедница, кои, како што нагласил, се загрозуваат со нерешавањето на прашањето со името.

ВМРО ДПМНЕ и СДСМ: има или нема политички апсења?

„Нема никакво политичко апсење, ниту имало, ниту ќе има. Има дејствување на Министерството за внатрешни работи по налог на обвинителството по случаи каде што обвинителството изразило сомнежни за утврден криминал“, изјави денеска премиерот Никола Груевски во врска со наводите на опозицијата за случајот „Претседавач“. Претходно, претседателот на СДСМ Зоран Заев во Струмица најави дека, доколку продолжат апсењата за случајот „Претседавач”, социјадемократите ќе го замрзнат учеството во работната група за спроведување на препораките од Извештајот за 24 декември. „СДСМ нема да молчи по новото притварање, а тоа е демонстрација на сила и само сеење страв кон граѓаните. Тврдат дека аферата е отворена пред 3 години, а името на предметот е „Претседавач”. Знаеме дека господиниот Шипковиќ е претседавач само 5 месеци на Советот на општина Центар, со што се покажува каква е намерата на власта“, рече Заев.

Генералниот секретар на НАТО во Грција

Расмусен во Грција
Расмусен во Грција
„НАТО останува стабилен столб на меѓународниот систем за безбедност“, изјави грчкиот премиер Андонис Самарас по денешната средба во Атина со генералниот секретар на Алијансата, Андерс Фог Расмусен. Тие разговарале за иднината на Алијансата и за тековните регионални и меѓународни настани и процеси. „Грција е една од најстарите членки на НАТО и ќе продолжи и покрај финансискиот притисок врз земјата, активно да учествува во Алијансата“, истакна Самарас. Расмусен претходно имаше средба со грчкиот министер за одбрана Димитрис Аврамопулос и со шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос.

Врачена наградата „11 Октомври“ за оваа година

Во Собранието на Македонија беше врачена државната награда „11 Октомври“ за животно дело за 2013 година на проф. д-р Срѓан Керим, економист и дипломат-во областа на науката и образованието, на проф. м-р Решат Амети, ликовен уметник-во областа на културата и уметноста и на новинарот и публицистот Драгослав Аргировски-во областа на новинарството и публицистиката. Наградите им ги врачи проф.д-р Никола Јанкуловски, член на Одборот за доделување на високото признание за оваа година и декан на Медицинскиот факултет во Скопје. Тој изјави дека добитниците со својот долгогодишен макотрпен творечки напор упорно чекорат низ патеката на науката и уметноста и се искачуваат на самиот врв на пиедесталот на областите во кои творат.

Џон Кери во ненајавена посета на Авганистан

Американскиот државен секретар Џон Кери пристигна во ненадејна посета на Авганистан со цел да ги потикне преговорите со претседателот Хамид Карзаи за билатералниот пакт за безбедност.
Овој договор треба да се постигне до 31 Октомври со цел да се определи присуството на американските сили по 2014 година.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG