Достапни линкови

Вести

Нови анти-владини протести во Мосул

Протести во Мосул.
Протести во Мосул.
Ирачките сили пукаа во воздух за да ги растераат сунитските демонстранти во градот Мосул. Полицијата испукала предупредувачки истрели откако стотици демонстранти се обиделе да се соберат на еден плоштад. Во изминативе две недели постојано се одржуваат анти-владини протести на ирачките сунити. Тие сметаат дека доминантно шиитската влада на премиерот Нури ал-Малики ги дискриминира.

Директорот на Џез фестивалот во Монтре во кома по повреда на скијање

Илустрација: Споменик на починатиот фронтмен на Квин Фреди Меркјури во Монтре.
Илустрација: Споменик на починатиот фронтмен на Квин Фреди Меркјури во Монтре.
Основачот и генерален директор на Џез фестивалот во Монтре Клод Нобс е во кома во болницата во Лозана, откако се повредил на скијање за време на празниците, соопшти дирекцијата на фестивалот. Швајцарскиот весник Ле Матин објави дека 76-годишниот Нобс е во кома од 24 декември, откако се повредил во близина на неговиот дом во Монтре на источниот дел од Женевското Езеро.

Пакистан протестира за престрелките со индиската војска на Кашмир

Индиски безбедносни пунктови на Кашмир.
Индиски безбедносни пунктови на Кашмир.
Пакистанското министерство за надворешни работи упати официјален протест до Индија за, како што велат, неиспровоцираниот напад врз граничен пункт во спорниот регион Кашмир. Пакистанските и индиските војници вчера разменија оган на граничната линија и меѓусебно се обвинуваат за инцидентот. Исламабад соопшти дека еден пакистански војник загинал, а еден е ранет во престрелките. Индија и Пакистан водеа две војни за контрола врз Кашмир во изминативе децении.

Почна мисијата „Пат преку Јужниот Пол зимно време“.

Антарктик.
Антарктик.
Британскиот истражувач сер Раналф Фајнс ја почна наредната фаза од неговата експедиција која ја опиша како еден од последните останати поларни предизвици – преминување на Антарктикот во зимно време. Фајнс и неговиот петчлен тим денеска тргнаа со поларен истражувачки брод од Кејп Таун во Јужна Африка во, како што велат, „Најстуденото патување“. Тие планираат да го почнат патувањето на копно на 21 март од руската база Новолазаревскаја. Треба да го преминат Јужниот Пол и да стигнат до до базата Мекмурдо Саунд оддалечена 4.000 километри. Тие ќе се движат во целосен мрак по температури кои се спуштаат до 90 степени целзиусови под нулата. Експедицијата тргна од Лодон во декември. Со ова, тие сакаат да ја одблежат 100-годишнината од несреќната мисија на капетанот Скот кој го откри Јужниот Пол.

Николиќ - ЕУ го покажа своето вистинско лице

Српскиот претседател Томислав Николиќ на божиќна литургија во Белград.
Српскиот претседател Томислав Николиќ на божиќна литургија во Белград.
Српскиот претседател Томислав Николиќ рече дека ЕУ не го положила испитот и не му дозволила да го прослави Божиќ таму каде што е најтешко - на Косово и оти тоа ќе биде основа за идните преговори.

„ЕУ мора добро да размисли кога ја убедува Србија дека е статусно неутрална и дека сака да помогне сите да живееме подобро, но денеска всушност го покажа своето вистинско лице“, рече Николиќ.

Српскиот претседател изјави дека ваквиот став на Унијата ќе биде основа за преговорите.

„Ова е всушност да се биде или не - дали претседателот може да оди на територијата на Косово или не и зошто тогаш ние преговараме? Јас не побарав да одам во политичка мисија, туку во верска мисија, но таму нема луѓе кои веруваат во Господ“, рече Николиќ.

Запрашан дали повторно ќе побара дозвола да го посети Косово, тој одговори дека нема да бара дозвола за која знае дека повеќе никој никогаш нема да му ја даде.

Николиќ рече дека од албанските власти во Приштина не ни очекувал да му дозволат да го прослави овој христијански празник со дел од народот, но дека европската заедница е таа која не го положила испитот.

Врховниот суд ги потврди казните за 13 бахреински опозиционери

Архивска фотографија: Протести во Бахреин.
Архивска фотографија: Протести во Бахреин.
Врховниот суд на Бахреин ги потврди казните за 13 опозиционери обвинети за обид за соборување на власта за време на протестите во 2011 година. Осудените веќе немаат право на жалба. Овие 13 се дел од 20 осудени на затворски казни од пет години до доживотно од специјалниот воен трибунал за нивната вмешаност во протестите на шиитското мнозинство против сунитското кралско семејство. Апелациониот суд во септември ги потврди казните за сите 20, а овие 13 се жалеа пред Врховниот суд. Во февруари 2011 година во Бахреин имаше големи опозициски протести. Властите велат дека зад протестите стоел Иран. Бахреин е седиште на Петтата флота на Американската морнарица.

Борисов против изградба на нуклеарката во Белене

Белене.
Белене.
Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека ќе побара од членовите и симпатизерите на неговата десно ориентирана партија ГЕРБ на референдумот за изградба на втората нуклеарна централа во земјата во Белене, закажан за 27 јануари, да гласаат „против“. Борисов се залага за изградба на нови реактори во постоечката централа „Козлодуј“ и за зголемување на капацитетите на двата реактори, кои во моментов се активни во нуклеарката.

Референдумот го иницираше социјалистичката опозиција, откако во март минатата година Владата на Борисов го поништи договорот со руската компанија „Атомстројекспорт“ за изградба на нова нуклеарна централа во Белене во северозападна Бугарија, која би имала моќност од две ијлади мегавати. Одлуката на „Атомстројекспорт“ да ја тужи официјална Софија пред Меѓународниот арбитражен суд во Париз за отштета од една милијарда евра ја принуди бугарската Влада подоцна да најави дека би можела повторно да го покрене проектот, но како приватна инвестиција.

Хегел за Пентагон, Бренан за ЦИА

Џон Бренан.
Џон Бренан.
Се очекува претседателот Барак Обама да го предложи поранешниот републикански сенатор Чак Хегел за нов секретар за одбрана, а советникот на Обама за анти-тероризам Џон Бренан веројатно ќе биде нов директор на ЦИА. Американските медиуми, повикувајќи се на неименувани високи извори, објавија дека Обама денеска ќе ги соопшти номинациите.

Хегел е ветеран од војната во Виетнам, остар критичар на Израел и се залага за дијалог со Иран.

Бренан, кој помина 25 години во ЦИА, одигра клучна улога во плановите за убиството на лидерот на Ал Каеда Осама Бин Ладен. Обама размислуваше да го назначи за директор на ЦИА уште на почетокот на неговиот прв мандат по изборите во 2008 година, но Бренан се повлече по обвинувањата за вмешаност во програмата за тортура на затвореници при испрашување за време на администрацијата на претседателот Џорџ Буш.

За да стапат на фунцкциите, Хегел и Бренан мора да добијат поддршка од мнозинството во Сенатот.

Домаќин на ОИ 2020 ќе биде Истанбул, Мадрид или Токио

Истанбул, Мадрид и Токио се кандидираа за домаќини на Олимписките игри во 2020.
Преставници на овие градови денеска ги поднесоа нивните кандидатури до Олимпискиот Комитет во Лозана. Преставници на Комитетот, пак, ќе ги разгледуваат понудите и ќе ги посетат трите града во март. Домаќинот ќе се избере со тајно гласање во Буенос Аирес на 7 септември.

Започна процесот против обвинетите за силувањето во Њу Делхи

Пет мажи, обвинети за силување и убиство на студентка во Њу Делхи денеска се соочуваат со обвинителниот акт во судот зад затворени врати. Тоа е по наредба на властите како последица на хаосот кој се создаде во судницата.
Тие се соочуваат со смртна казна за случајот од 16 декември кој предизвика масовни протести ширум Индија.
На шестиот осомничен кој има 17 години ке му се суди одвоено.
Овие 6 лица се обвинети за тортура и силување на 23 годишна студентка и претепување на нејзиното момче во автобус во Њу Делхи. Таа почина по две недели во болница во Сингапур.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG