Достапни линкови

Вести

Избран новиот претседател на Чешка

Дебата на претседателските кандидати
Дебата на претседателските кандидати
Поранешниот премиер и левичар Милош Земан победи на претседателските избори во Чешка. Според 100 насто преброенивглаови Земан освоени 54,8 проценти од а неговиот противкандидат министерот за надворешни работи Карел Шварценберг освои 45,2 проценти од гласовите.
Новиот претседател 68 годишниот Милош Земан ќе го замени досегашниот претседател Вацлав Клаус кој го отслужува вториот претседателски мандат.
Ова се први дирекни претседателски избори во Чешка. Досега шефот на државата се избираше од страна на Парламентот.
Излезноста на изборите изнесува 59 проценти.

Француски војници ја зазедоа контролата на аеродромот во Мали

Францускиот министер за одбрана Жан Ив Ле Дријан соопшти дека француските војници ја заземале зоната околу аеродромот и мостот во градот Гео во североисточниот дел на Мали, едно од упориштата на припадници на исламистичкото движење за единство и Џихад. Тој изјави дека терористите се судриле со француските војници и припадниците на армијата на Мали и дека при битките им биле уништени логистичките упоришта и превозните средства.Податоци за жртви се уште нема.Градот Гео е на 1200 километри од главниот град и повеќе од 9 месеци е под контрола на исламисти.

Загинаа високи полициски функционери во Авганистан

При експлозија на бомба во авганистанскиот град загинале неколку луѓе меѓу кои шефот на антитерористичкиот полициски сектор во Кундуз и шефот на сообраќајната полиција, јавува дописникот на РСЕ од Авганистан. Се уште не позната конечната бројка на жртвите. Полицијата соопшти дека меѓу загинатите има полицајци и цивили.

Фич го намали кредитниот рејтинг на Кипар

Меѓународната агенција за рејтинг Фич вчера го намали кредитниот рејтинг на Кипар од ББ- на Б и предупредија дека е можно дополнително намалување на истиот. Во соопштението на агенцијата е наведено дека за повторна капиталиција на банкарскиот сектор ќе бидат потребни најмалку 10 милијарди долари. Тоа значи дека пакетот помош за кој што ќе преговараат кипарските власти со ЕУ може да ги надмине првичните проекции од 17 милијарди евра.

Протести против полициска бруталност во Азербејџан

Стотици луѓе во главниот град на Азербејџан излегоа денеска на улиците во знак на солидарност со неодманешните протести во Исмаили. Дописникот на РСЕ од Азербејџан јавува дека полицијата привела 50 луѓе меѓу кои и влијателниот блогер Емин Мили, активистката за човекови права Малах Насибова и новинарka кој се занимава со истражувачки стории Кадија Исмаилова.
Денешниот собир беше организиран од млaди активисти во знак на протест против полициската бруталност во демонстрациите во Исмаили. Последните протести кои се оддржаа во градот на 24 јануари завршија со судири при кои полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите a десетици беа приведени. Причините за демонстрациите беa барањата за оставка на градоначалникот и ослободување на притворени демонстранти.

„Патриот“ во Турција во оперативна готовност

Првата батерија со ракетите од типот Патриот кои НАТО ги распореди долж турската граница со Сирија е подготвена за акција, соопшти денеска Главната команда на НАТО во Монс. НАТО на барање на Турција распореди шест такви батерии, а се очекува и останатите пет наскоро да бидат оперативни. Во соопштението се нагласува дека ракетите имаат исклучително дефанзивна улога во одбраната на Турција од акции на сириската армија, и нема да се користат за какви било напади или за поддршка на забраната за летање за кои се залагаат одреден број држави.

Црногорска полициска единица ја тужи државата

Околу 80 припадници на црногорската Посебна единица на полицијата ќе ја тужат државата Црна Гора заради неисплатени приходи за прекувремена работа и работа во неработни денови како и заради неисплатени дневници за разни обуки, доусовршување и вонредни ангажирања. Тие бараат да им се исплатат бонусите за прекувремена работа и ноќна работа, работа во верски и државни празници, ангажирање во други црногорски градови вон местото на живеење или други држави, со камати почнувајќи од 2005 година, јавуваат црногорските медиуми.
Црногорскиот Закон за приходи на државни службеници овозможува заработката на припадниците на таа полициска единица да биде по 40 отсто повеќе за прекувремена работа и работа ноќе и 50 отсто бонус за работа во државни и верски празници.

Министерство за здравство:Реформите ли се плацебо?

Премиерот Никола Груевски и министерот за здравство Никола Тодоров пуштаат во употреба нов Центар за дијализа во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.
Премиерот Никола Груевски и министерот за здравство Никола Тодоров пуштаат во употреба нов Центар за дијализа во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.
Дали е плацебо реновирањето на здравствените установи и градењето на нови како што се “8ми Септември“, специјалната болница за гинекологија-Чаир, специјалната детска болница-Козле? Ова прашање е наведено во реакцијата на министерството за здравство за текстот на Радио Слободна Европа со наслов „ Здравството се лечи со плацебо.“ Во продолжение на реакцијата се вели „ Согласно текстот и изградба на нов клинички центар е плацебо, само навистина не интересира од каде се влече значењето на зборот "плацебо".“ Министертвото за здравство смета дека здравството ќе биде многу подобро за некои од соговорниците во емисијата ако пак можат, како што е наведено во рекацијата, „ монополски да се здружуваат и на тој начин безмилосно да ги цицаат парите на граѓаните. А што беше тоа антимонополска управа, тоа сигурно никој не знаеше!“
Во продолжение е наведено дека министерството знае оти соговорниците ги боли тоа што цената на лековите е намалена и дека, како што тврди министерството, дека не можело повеќе да се прават монополски договории и на тој начин договорено и сложно да се богатат.
Меѓу другото во реакцијата е наведено потсетување на инвестицијата од 100 милиони евра во медицинска опрема.

Уапсени шестмина осомничени за експлозијата во Загреб

Хрватската полиција уапси шестмина осомничени за експлозијата која одекна на 23 јануари во центарот на Загреб на плоштадот Бан Јелачиќ, јавуваат хрватските медиуми. Полицијата соопшти дека истрагата е во тек без притоа да изнесе детали околку осомничените и мотивите за поставувањето на експлозивната направа.При експлозијата никој не е ранет, а полицијата нападот го квалификуваше како доведување во опасност на човечки животи.

Над 3400 авганистански цивили загинаа изминатава година

Илустрација
Илустрација
Командантот на ИСАФ мисијата во Авганистан генералот Џон Ален го осуди вчерашниот самоубиствен бомбашки напад при кој загинаа пет цивили а ранети се над 15. Целта на нападот бил конвој на НАТО, но бомбата била активирана откако поминал конвојот па настрадале цивили. Ален го нарече нападот „бутален чин на насилство“, додавајќи дека при ваквите напади вистинските жртви се невините луѓе кои живеат во Авганистан. Тој додаде дека нападот ги потврдил неговите ставови дека бунтовниците немаат почит ниту жал за авганистанскиот народ. Во изминатава година при сабоубиствени бомбашки напади загинале над 3400 авганистански цивили.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG