Достапни линкови

Вести

Русија не ги почитува правата на луѓето

Европскиот суд за човекови права денеска ја осуди Русија во врска со случајот на еден човек кој погрешно е осомничен за убиство и кого полицијата го малтретирала само да го признае делото кое не го направил. Во соопштенеито се наведува дека Олег Кирилов во 2001-та бил уапсен и мачен со денови, и му биле нанесени сериозни штети по здравјето од кои не може да се опорави. За на крај друг човек да биде осуден за делото за кое бил првично тој обвинет. Кирилов поднел тужба против полицијата и во 2008-та имаало пресуда . Полицајците кои го малтретирале добиле казна затвор од 1 до 3 години.

Во поплави во Пакистан загинале 60 луѓе

Најмалку 60 луѓе загинале во поплавите кои го зафатија Пакистан по обилните монсунски дождови. А стотици илјади луѓе остана без своите домови, соопштиле властите. Се оценува дека ова се најлошите поплави кои ја зафатиле земјата во последните неколку децении. Поплавите урнале и дел од брана во долината Сват по што 5.000 куќи се нашле под вода. Силните дождови се наведуваат и како една од причините за вчерашната авионска несреќа во која загинаа сите 152 патници

Италија усвои план за штедење

Италијанскиот парламент денеска усвои план за штедење кој го предложи владата на премиерот Силвио Берлускони. Планот предвидува да се заштедат 25 милијарди евра. За планот гласале 321 пратеник а 270 биле против. Планот предвидува во наредните 3 години да им бидат замрзнати платите на функционерите , да им се намали буџетот на министерствата за 10 проценти , и да се намалат трошоците за службени патувања на политичарите. Владата планира јавниот дефицит во 2012-та да изнесува 2, 7 проценти од бруто домашниот производ . Во 2009-та тој изнесуваше 5,3 проценти.

Протести на стечајците пред Парламентот

Стечајците денеска повторно на протест во Скопје, но наместо протести по улиците, тие се обидоа да ги блокираат влезовите на Собранието да го пресретнат Груевски и лично да му се пожалат. Но не успеаа во својата намера. Денеска во Собранието се одржуваше седница за пратенички прашања, на која присуствуваше и Премиерот. Стечајците се пожалија дека на патот кон Скопје полиција ги застанувала многу често . Стечајците му порачаа на Премиерот дека тие нема веќе што да изгубат , па ако треба и да одат во затвот. Речиси истовремено имаше протести и пред седиштето на СДСМ. Таму жртвите на транзицијата бараат Црвенковски да си оди од политиката.

Обид за преземање на контрола на авион во Москва

Руските специјални сили денеска уапсиле еден човек, кој ја презел контрола на едне авион кој слетал во Москва, јавуваат руските медиуми. Извештаите велат дека авионот доаѓале од Кавказскиот регион. Сите патници биле, ослободени безбедно откако специјалните сили се качиле на авион на аеродромот Домодедово во Москва. Повеќе детали не се соопштуваат

Во Ирак загинале 17 војници

Најмалку 17 припадници на безбедносните сили загинале денеска во Ирак. Во напад во сунитска населба во Багдад загинале 10 припаднии на безбедносните сили . Четири војници загинале кога бомбаш самоубиец со автомобил бомба влегол во воена база. Останатите војниици загинале од крајпатни бомби

Средба на Вук Јеремиќ со Бан Ки Мун во ОН

Српскиот министер за надворешни работи, Вук Јеремиќ и шефот на ОН, Бан Ки-Мун, одржале приватен разговор во седиштето на ОН во Њујорк. Во соопштенеито на ОН се навеува дека тие разговарале за нацрт-резолуција која Белград ја поднесе пред Генералното собрание на ОН по објавувањето на мислењето на Меѓународниот суд за правда за независноста на Косово. Судот даде мислење дека со декларацијата за независност не се прекршува меѓународното право. Белград бара од ОН да повикаат на заеднички дијалог за да двете страни најдат взаемно прифатливо решение на сите отворени прашања преку мирен дијалог во интерес на мирот, безбедноста и соработката во регионот. Бан Ки Мун изјавил дека за следниот чекор ќе се координира со ЕУ

Бугарија и Романија ќе ги враќаат Ромите од Франција

Бугарскиот министер за внатрешни работи Цветан Цветанов, изјави денеска дека Бугарија и Романија преземаат зеднички чекори да обезбедат враќање на Ромите кои се протеруваат од Франција. Француската влада вчера најави дека има намера да ги врати сите Роми кои нелегално влегле во земјата и престојуваат во кампови повеќе од 3 месеци. Опозицијата во Франција и активистите за човекови права потегот на владата го опишаа како ксенофобичен и расиситички Француските официјални лица ја обвинија романската влада дека не ги исполнува своите ветувања за интеграцијата на Ромите. Но романскиот премиер Емил Бок изјавил дека сите земји од ЕУ имаат иста обврска кон Ромите . Во Романија живеат најмногу Роми во цела Европа и тоа повеќе од 1 милион

Французинката призна дека ги убила 8-те бебиња

Французинката каја заедно со нејзиниот маж беа обвинети за смрта на 8 новороденчиња го признала убиството на бебињата и е обвинета за убиство со умисла. Жената која има 46 години изјавила дека ги задушувала своите деца а потоа нивните тела ги закопувала на својот имот. Таа изјавила дека не сака да има повеќе деца но не сакала да се види со доктор за да зборува за контрацепција . Жената и нејзиниот маж беа приведени вчера откако полицијата ги открила телата на бебињата во нивната градина. Нејзинот маж е ослободен од затвор без да одговора . Тој тврди дека не знаел ништо за бременостите на неговата сопруга

НБМ:Македонија со стабилен финансиски систем

Финансискиот систем на Македонија изминатата година ја задржал стабилност и покрај светската економска криза. Задржувањето ан стабилност се должи на стабилниот кур на денарот и стабилноста на банкарскиот систем, заклучиле на седницата на Советот на Народната банка на Македонија на која е усвоен Извештајот за финансиската стабилност во Република Македонија во 2009 година.
Во соопштението на НБМ се наведува дека банкарскиот систем во Македонија не бил директно погоден од светската економска криза, но негативните ефекти се почувствувале индиректно, преку домашниот реален сектор

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG