Достапни линкови

Вести

Претседателот Иванов се сретна со иселениците во Швајцарија

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов денеска со средба со македонските иселеници во Берн ја започна дводневната официјална посета на Швајцарија . На средбата присуствуваше и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. Претседателот Иванов ги повика македонските иселеници да вложат во Македонија преку отворање мешовити македонско-швајцарски фирми и им порача дека во нивната татковина се прави се за да се креира поволна бизис клима. Според податоците од 2005 година во Швајцарија живеат околу 65.000 македонски иселеници. Утре Иванов ќе се сретне со неговата швајцарска колешка Дорис Лојтхард

Тачи :сега сите може да го признаат Косово

Премиерот на Косово Хашим Тачи изјавил денеска дека по соопштувањето на мислењето на Меѓународниот суд за правда, ни една држава нема причина да не ја признае независноста на Приштина. Тачи изјавил дека со мислењето на судот ќе се зголеми бројот на земји кои ќе го признаат Косово . Тој изјавил дека мислењето на судот може да му помогне на Белград да ја признае независнста на земјата, за да можат да се изградат добри меѓу соседски односи. Косовскиот премиер изјавил дека најдобро ќе биде ако Србија го признае Косово за да може земјите меѓусебно да си помагаат во европската и меѓународната интеграција.

Груевски:Илиевски произведувал марихуана, не див коноп

Борбата против дрогата ќе продолжи и ќе биде континуирана. Оваа Влада посебно се посветува на борбата против дрогата и тоа не го прави со кампања, туку со конкретни акции, изјави денеска во Битола премиерот Никола Груевски. Премиерот се наврати на случајот со фармерот Душко Илиевски кој е осомничен за одгледување на марихуана. Груевски изјави дека според првичните информации од МВР се работи за случај каде што е откриено растение од кое се произведува опојна дрога затоа што хемиската анализа покажала дека не се работи за див коноп, туку за хемикалии кои кореспондираат со производството на марихуана. Премиерот изрази жалење што СДСМ врши жесток притисок врз институциите во врска со случајот.

ЕУ утре ќе понуди дијалог на Приштина и Белград

Министрите за надворешни работи на Европската Унија утре во Брисел ќе разгледуваат што точно значи советодавното мислење на Меѓународниот суд за правда за Косово и ќе понудат услуги на Приштина и Белград за да започнат дијалог кој ќе биде свртен кон иднината. Пет членки на ЕУ потврдија дека и понатаму нема да ја признаваат независноста на Косово

Можни разговори меѓу Иран и ЕУ за нуклеарната програма

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу соопшти дека Иран можеби ќе разговара со Европската Унијa за контроверзната нуклеaрнa програма на Техеран. Разговорите би се одржале по празникт Рамазан, во втората недела од септември. Давутоглу дeнеска имаше средба со неговите колеги од Бразил и Иран. Турскиот премиер изјави и дека Иран утре ќе испрати писмо до Меѓународната агенција за атомска енергија за да побара да се спроведе договорот постигнат во мај со посредство на Турција и Бразил. Според договорот Иран требаше да испрати уранум на дозбогатување во Турција а за возврат да добие збогатен ураниум од Русија и Франција. Светските сили ќе го почитуваат договорот кога Техеран ќе престане со својата нуклеарна програма.

Талибанците ги заробиле американските војници

Талибанските бунтовници во Авганистан велат дека држат еден од двајцата американски војници, кои исчезнаа од нивната база во петокот, и дека го имаат телото на вториот војник, кој бил убиен. Портпаролот на Талибанците за Ројтерс изјавил дека раководството подоцна ќе одлучи за судбината на американските војници. Претходно имаше извештаи дека се бара замена за војниците со заробени бунтовници.

Претепан српскиот новинар Теофил Панчиќ

Познатиот српски новинар, Теофил Панчиќ синоќа додека се возел во автобус во Земун го нападнале непознати напаѓачи и го тепале со метални шипки. Тој има повреди по главата и рацете . Нападот го извршиле двајца мажи кои првин го следеле новинарот а потоа влегле со него во автобусот . Тие го ударале со метални шипки пред очите на другите патници во автобусот. Панчиќ е колумнист во неделникот „Време“ . Нападот врз него е уште еден од низата напади на новинари кои пишуваат за весникот. Прво беше киднапиран еден новинар, потоа беше подметната бомба во станот на друг, а полицијата во ниту еден случај не го откри напаѓачот. Од редакцијата побарале надлежните да го истражат случајот и да го пронајдат сторителот на нападот врз новинарот Панчиќ. Неделникот „Време“ е познат по својата критика на национализмот. Нападот го осудија здруженијата на новинари , разни организации и партии.

Директорот на БП ќе си поднесе оставка

Главниот директор на нафтената компанија Бритиш Петролеум, Тони Хауард ќе поднесе оставка во наредните 24 часа, објавија денеска британските медиуми.Хауард кој е соочен со острите критики поради начинот на кој што БП се справува со излевањето на нафтата во Мексиканскиот залив веќе ги договорил условите за напуштање на компанијата. Хауард во случај на прекинување на договорот има право на отпремнина во износ од едногодишна плата, а минатата година со платата и премијата заработил околу три милиони фунти. Медиумите пишуваат дека на функцијата ќе го замени Американецот Боб Дадли, кој во јуни го презема водењето на операцијата на затворање на бушотината и санирање на штетата во Мексиканскиот залив.

Перез и Јосиповиќ го посетија Јасеновац

Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ и неговиот израелски колега Шимон Перез денеска го посетија поранешниот хрватски концентрационен логор Јасеновац и положија венец на споменикот на илјадниците Евреи, Срби, Роми и хрватски антифашисти, кои биле убиени од пронацистичкиот режим во Хрватска за време на Втората светска војна. Израелскиот претседател Шимон Перес изјави дека Јасеновац бил демонстрација на чист садизам и му порача на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад, кој го порекнува постоењето на холокаустот да го посети. Перес, денеска ја завршува тридневната посета на Хрватска.

„Љубовна парада“ нема повторно да се одржува

Организаторите на фестивалот "Љубовта парада" во Германија велат дека настанот никогаш повеќе нема да се одржи, откако вчера 19 луѓе загинаа а стотици беа повредени при обидот да влезат на фестивалот. Властите во западниот град Дуисбург се соочуваат со тешки прашања околу тоа зошто стотици илјади луѓе беа пренасочени преку еден влез на фестивалот. Германските медиуми објавија дека имало најмалку 1,4 милиони луѓе на фестивалот. Сведоци раскажуваат дека настанот се случил кога стотици луѓе се наоѓале во тунел од кој се влегувало на местото каде се одржувал фестивалот. Тунелот бил пренатруап со луѓе, а влезот не се отварал по што луѓето ги фатило паника и почнала турканица во која загинале 19 луѓе. Фестивалот „Љубовна парада“ за првпат се одржа во 1989-та и е еден од најголемите техно фестивали во Европа.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG