Достапни линкови

Вести

Израел ќе дозволи увоз на одредена роба во Газа

Израел денеска најави дека ќе дозволи во Газа да се внесува само опреденена роба, за животни потреби, а ќе води строга контрола во земјата да не се внесува оружје и елементи кои имат двојна употреба. Новите правила се одговор на повиците да се ослобиди појасот Газа кој е под блокада на Израел 4 години. Повиците особено се засилија по нападот на Израел врз бродовите кои носеа хуманитарна помош за Газа. Одлуката беше објавена по состанокот меѓу премиерот на Израел Бенјамин Хетехјану и пратеникот за Блискиот Исток Тони Блер

Италија -Нов Зеланд одиграа нерешено 1:1

Репрезентациите на Италија и на Нов Зеланд одигра нерешено 1:1 во второто коло од групата Ф на Светското првенство во Јужна Африка. И двете репрезентаци головите ги постигнаа на почетокот на мечот. За Италија стрелец беше Винченцо Јакинта , а за репрезентацијата на Нов Зеланд Шејн Шмелц. После второто коло и двете репрезентации имаат по 2 поени .

Осуден фотограф кој ги фотографирал протестите во Иран

Во Иран денеска беше осуден еден фотограф на 3 години затвор, затоа што фотографирал за време на минатогодишните протести по претседателските избори. Фотографот заедно со уште еден негов колега кој работел за локален медиум , беа уапсени во јули 2009-та, затоа што испраќале фотографии од протестите на странски медиуми. Осудениот фотограф работи веќе две децении и бил дописник за странски медиуми, а работел и за државната агенција Фарс.

Израел не дозволува германски министер да влезе во Газа

Германската влада денеска го осуди однесувањето на Израел бидејќи не му дозволи на германскиот министер за развој Дирк Нибел да ја посети Газа. Шефот на германската дипломатија Гвидо Вестервеле, изјавил дека жали што владата на Израел донела таква одлука, и додал дека Европската Унија го чека крајот на блокадата на Газа. Германската влада во повеќе наврати интервенирала кај Израелците да дозволат посета на Нибел на Газа, но Израел одбил. По одбивањето да го пуштат во Газа, министерот Дирк Нибел, изјавил дека блокадата на Газа не е знак на сила, туку „доказ на неискажан страв“.

Македонците во Србија не избраа Национален совет

Македонската заедница во Србија денеска поради немање кворум не го одржа електорското собрание во Панчево на кое требаше да го избере својот Национален совет. Од потребните 45 електори на собранието присуствувале 40. Поради немање кворум не се одржа ни првото собрание на 6 јуни, кога се избраа националните совети на другите нациоанлни малцинства во Србија. Правниот советник на Министерството за човечки и малцински права на Србија Братислав Николиќ изјавил дека во наредните денови Министерството ќе излезе со став каква ќе биде понатамошната процедура за избор на Националниот совет на Македонците.

Ребалансот ќе ги забави капиталните проекти

Со ребалансот на буџетот изградбата на капиталните проекти ќе се одвива со побавна динамика, но ниту еден проект нема да запре, изјави денеска премиерот Никола Груевски. Тој изјави дека тие ќе се градат малку подолго, но ќе бидат завршени. За да се покаже дека одговорно се трошат средствата се намалени и платите на функционерите рече Премиерот. Тој за следната година најави изградба на проекти во енергетскиот сектор.

Колумбијците пред предизвик:гласање или фудбал?

Колимбијците денеска избираат шеф на државата. Во тек е вториот изборен круг за наследник на популарниот Алваро Урибе, кој остави длабоки траги во историјата на земјата со својот цврст став против герилците. Се очекува следен претседател да биде поранешниот министер за одбрана Хуан Мануел Сантос, кој вети дека ќе го следи патот на Урибе. Но главниот проблем со кој се соочуваат денеска властите е како да ги натерат гласачите да се отргнат од гледањето на фудбалските натпревари и да одат да гласат. Над 350 илјади полицијаци се распоредени низ земјата да спречат евентуални напади од страна на герилците.

Груевски најави реформи во судството и јавната администрација

Во судството и во јавната администрација до есен треба да се спроведат големи и клучни трансформации, најави премиерот Никола Груевски. Тој изјави дека се охрабрени од последниот извештај на Европската Комисија која утврдила напредок во судството, па затоа очекуваат до крајот на есента македонското судство да го измени својот лик. Груевски најавил и модернизација на јавната администрација.

Полска избира претседател

Слаб одзив на гласачите во Полска. Изборната комисија соопштила дека досега гласале повеќе од 23 проценти или околу 7 милиони гласачи од вкупно 30 милиони колку што имаат право на глас. Предвремените избори во Полска беа распишани по загинувањето на претседателот Лех Качински. Во трката за шеф на државата учествуваат 10 кандидати. Анкетите покажуваат дека најблиску до претседателската фотеља се лидерите на Граѓанската платформа, Бронислав Коморовски и поранешниот премиер и брат близнак на починатиот претседател , Јарослав Качински. Ако ниту еден кандидат не обезбеди најмалку 50 проценти од гласовите, вториот круг ќе се одржи на 4 јули.

Ако СДСМ има решение за спорот со името, нека го каже

Бранко Црвенковски и СДСМ нека излезат и јавно нека кажат кое е нивното решение за спорот со името, изјави премиерот Никола Груевски. Црвенковски изјави дека ако до ноември не се реши спорот, ќе биде потреба нова политичка сила која ќе го реши, па затоа Груевски повика СДСМ да каже ако нешто договориле, ако нешто планираат и ако има нешто што е тоа. Премиерот изјави дека ако се оди по било која цена да се реши спорот, тоа тие можа да го направат и сега. Власта врши постојани консултации со медијаторот Метју Нимиц и се надева дека разговорите ќе резултираат со предлог кој што би бил прифатлив за двете страни, додаде Груевски.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG