Достапни линкови

Вести

Он-сеуште важи понудата до Иран за размена на ураниум

Меѓународната агенција за атомска енергија при ОН соопшти денеска дека и понатаму важи понудата до Иран, да го замени осиромашениот ураниум со странските земји и покрај тоа што Техеран вчера ги одби клучните услови за постигнување на договорот. Предлогот е подржан од Франција, Русија и САД, а доколку Иран не го прифати тие соопштија дека ќе бидат воведени санкции против земјата.

Хјуман Рајтс Воч-човековите права да бидат главна цел на властите

Организацијата за заштита на човековите права Хјуман Рајтс Воч го искористи 20 годишниот јубилеен извештај да ги повика властите во светот спроведувањето на човековите права во иднина да им биде главна цел во билатералните односи. Организацијата соопшти дека се човековите права се нарушени најмногу во земјите каде што властите водат борба со бунтовниците. Најзагрозени според нив се Северна Осетија, како и Кенија, Бурунди и Авганистан, каде што има серија на убиства и напади врз адвокати и активисти за човекови права.


Делевекурас-мотивите на Македонија за тужбата во Хаг се политички

Mотивите на Македонија за поднесување на тужба против Грција пред Меѓународниот суд за правда во Хаг се политички, а не правни, изјави портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи Григорис Делавекурас на денешниот брифинг со новинарите во Атина. Грција како што соопшти тој има силни аргументи и сериозно го сфаќа судскиот процес. Грција ангажирала 4 еминетни странски професори по меѓународно право за одбрана на нејзината позиција пред судот во Хаг. Своите контрааргументи Грција вчера ги достави до судот, ден пред истекот на рокот.

26 луѓе убиени во 2009 во Русија поради расизам

Московската полиција соопшти денеска дека минатата година поради расизам во главниот град на Русија се убиени 26 луѓе. Владимир Колоколтсев изјави дека во 2009 година биле регистрирани 62 напади на несловенско население, меѓу кои 26 завршиле со убиство, а 25 со тешки повреди на жртвите. Соопштението е ден по анти-фашиситчкиот марш во градот, преку кој беше побрано да се казнат неонационалистите.

Мичел на средба со сирискиот претседател Ал Асад

Специјалниот американски пратеник за Блискиот Исток, Џорџ Мичел денеска ќе се сретне со сирискиот претседател Башар Ал Асад. Тие ќе разговараат за мировните преговори на Блискиот Исток и за односите меѓу двете земји. Мичел утре ќе отпатува во Израел, каде планира да ги посети и палестинските територии во земјата. Либанските медиуми сооопштија дека мисијата на Мичел да ги обнови преговорите на Израел со Палестина, Сирија и Либија ќе биде тешка, но дека таа е рефлексија на визијата на американскиот претседател Барак Обама за мир на Блискиот Исток.

Пронајдени останки на англиска принцеза стари 1000 години?

Германските истражувачи соопштија денеска дека можеби пронашле најстари зачувани останки од член на англиското кралско семејство. Според првичните испитувања коските пронајдени во гроб во Магедбург во Германија и припаѓале на принзезата Идит, која ја напуштила Англија, кога се омажила со саксонски војвода, пред 1000 години. Примероци од коските се пратени на универзитетот Бристол во Англија на понатамошни испитувања.

Македонија на 56 место според економска слобода во земјата

Македонија е на 56 место во светот според економската слобода во земјата, што е за 22 позиции подобро од претходната година, според индексот на економска слобода за 2010 година, што го објавија фондацијата Херитиџ и Вол Стрит журнал. Според Извештајот Македонија напредувала за 4,5 индексни поени, што е најмногу од сите држави во светот и се наоѓа во групата на главно економски слободни држави. Највисока оценка земјата доби во сферата на фискалната и трговската слобода, а најслаба во имотно-правните односи и справување со корупција.

НАТО бара поголема соработка со Русија

Шефот на војската на НАТО, Џејмс Ставридис соопшти денеска дека алијансата сака да ја зголеми соработката со Русија. Тој смета дека Русија им пружила помош во снабдувачката рута преку Казакстан и Узбекистан и дека следниот чекор на земјата треба да биде некаква форма на логистичка подршка. Русија како што изјави Ставридис може да помогне во одржувањето на хелихоптерите од советската ера кои ги користат алијансата и авганистанските безбедносни сили. Русија нема војници во Авганистан, но заедно со НАТО ги тренира авганистанските безбедносни сили.

Иранскиот суд осуди студент-активист

Иранскиот суд го осуди на 8 години затвор студентот активист Мајид Таваколи, кој беше уапсен за време на анти-владините протести на 7 декември. Националната новинаска агенција ФАРС соопшти дека тој го напуштил универзитетот Амир Кабир во Техеран со женска шамија преку лицето. Во знак на солидарност на интернет се појавија фотографии на мажи со шамии преку лицето. Таваколи беше обвинет за заговор и собир против естаблишментот и пропаганда против системот во земјата, како и за навреда на лидерот Ајатолах Али Каменеи и претседателот Махмуд Ахмадинеџад.

Бугарските власти ја одобрија кандидатурата на Георгиева

Бугарската влада ја одобри кандидатурата на Кристалина Георгиева за функцијата еврокомесар за меѓународна соработка, хуманитарна помош и реагирање во криза, по повлекувањето на кандидатурата на Румјана Желева. Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо изјави оти не планира промена во ресорот на бугарскиот кандидат за комесар и најави дека утре ќе се сретне со Георгиева.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG