Достапни линкови

Вести

Саудиска Арабија ја потврди смрта на 3 најбарани луѓе

Еден поранешен затвореник на Гвантанамо и двајца милитанти од Саудиска Арабија биле убиени во една експлозија на 14 септември во мината година, соопштија официјалните лица од Саудиска Арабија. Тие беа на листата на најбарани луѓе во земјата. Причините за експлозијата во која го загубиле животот сеуште не се познати.

Ирак и Иран бараат решение за спорот со нафтеното поле

Иранските медиуми соопштија дека официјалните лица од Ирак и Иран денеска ќе се сретнат да разговараат за изнаоѓање на решение за спорот со нафтено поле, кое се наоѓа на границата на двете земји. Иранските власти соопштија дека се надеваат дека недоразбирањата ќе се решат, а ирачките власти сметаат дека доколку двете земји се договорат тоа ќе допринесе за експанзија на врските меѓу нив во една нова фаза.

Бан Ки Мун бара да се испратат војници и полицајци во Хаити

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун денеска побара од Советот за безбедност да испрати 2000 војници и 1500 полицајци, кои ќе им помогнат на мировните сили на Хаити. Мун вчера го посети островот. Денеска и ЕУ соопшти дека ќе издвои 450 илјади евра помош за настраданите во земјотресот.

Меркел подржува санкции за Иран поради нуклерната програма

Германскиот канцелар Ангела Меркел соопшти дека нејзината земја ќе подржи санкции за Иран доколу тие продолжат со нуклераните активности. Мерекл по денешниот состанок со израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху во Берлин изјави дека ако Иран не го промени мислењето тие ќе размислат за спроведување на санкции. Таа додаде дека Германија се надева дека ќе биде постигнат договор со Советот за безбедност на ОН, но доколку тоа не е можно земјата ќе им се приклучи на другите, кои веќе се решија на тој чекор.

Блер на крајот на месецот ќе сведочи за војната во Ирак

Поранешниот британски премиер Тони Блер на 29 јануари ќе сведочи за војната во Ирак. Блер ќе треба да одговара на прашањата на петте членови на трибуналот, кој го истражува приклучувањето на Британија во американската инвазија на Ирак во 2003 година. Тој најверојатно ќе биде испрашуван за обвинувањата дека на тогашниот американски претседател Џорџ Буш му пружил подршка за војната во 2002 година, пред легислативата да биде одобрена од британскиот парламент.



Немири меѓу казахстанските и узбекистанските граничари

Казахстан ги обвини граничарите на Узбекистан дека повредиле еден нивни граничар. Борбата меѓу граничарите на двете земји се случила во селото Чек, бидејќи како што соопштија казахстанските граничари нивните узбекистански колеги влегле на територијата на земјата без дозвола. Узбекистан досега не го потврди инцидентот. Двете земји се во спор поради водените ресурси во регионот, како и за границата и цените на гасот.



4 мртви во напад врз хуманитарна организација во Ирак

Ирачките официјални лица соопштија дека 4 вработени во една хуманитарна организација го загубиле животот, кога група мажи отвориле оган во нивната зграда во Багдад. Ирачкото министерство за надворешни работи соопшти дека напаѓачите оставиле бомба и во организацијата Мавтени, која експлодирала кога пристигнале безбедносните сили.

17 проценти од граѓаните на ЕУ се сиромашни

Европската Унија соопшти дека 17 процени од нејзините граѓани во 2008 година живееле под работ на сиромаштија, а најголем процент е забележан во Латвија и Романија. Истражувањето е спроведено во 27 земји-членки на унијата, плус во Норвешка, Линхештајн и Исланд. Околу 26 проценти од луѓето во Литванија, 23 во Романија и 20 во Грција и Литванија се сиромашни. ЕУ соопшти и дека дестина од населението неможе да обезбеди греење за своите домови, а 9 проценти од нив може да си дозволат да јадат месо секој втор ден.

Иран ќе му се одмазди на Израел за убиството на професорот?

Иранското министерство за надворешни работи вети дека ќе му се одмазди на Израел, по убиството на еден професор по физика во мистериозен бомбашки напад. Иранските официјални лица претходно обвинија една опозициска група дека таа го извршила нападот во име на Израел. Министерот за надворешни работи Мостафа Мохамад Наџар вети одмазада, но не образложи како ќе се спроведе. Професорот Масуд Али Мохамади беше убиен кога бомба експлодираше пред неговиот дом.

Еспања-Шпанија ќе ги потикне евроинтеграциите на Западен Балкан

Шпанскиот амбасадор во Белград, Ињиго де Паласио Еспања соопшти денеска дека Шпанија за време на претседавањето со ЕУ ќе го поттикне процесот за евроинтеграции на Западен Балкан, а Србија ќе биде во фокусот на внимание на официјален Мадрид. Посебно внимание ќе се даде и на интензивирање на процесот на евроинтеграција на БиХ и решавањето на спорот со името меѓу Македонија и Грција. Тој изрази и очекување дека преговорите со Хрватска за членство во ЕУ ќе бидат завршени во наредните 6 месеци, а дека Црна Гора ќе продолжи со напредокот.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG