Достапни линкови

Буџетот не бил празен, ама како да се преживее - вие коментирате!


Скопје, луѓе на улица
Скопје, луѓе на улица

Буџетот не е празен, тврди директорката на УЈП, но повеќето посетители на ФБ страницата на РСЕ не веруваат. Што друго коментиравте?

Неделното интервју на РСЕ е со актуелната директорка на УЈП, Сања Лукаревска. Во врска со уставните измени Лукаревска смета дека има многу прогресивни сили кои сакаат да одат напред, и е оптимист дека измените можат да поминат во Собранието. Во врска со даночните реформи Лукаревска вели дека камен на сопнување е прогресивното оданочување. Буџетот не е празен, тврди директорката на УЈП.

Лукаревска - Оптимист сум дека уставните измени може да поминат
please wait

No media source currently available

0:00 0:14:40 0:00

Мартина Стојоска прашува: „Вие се сметате за прогресивни сили???“, а Ѓорѓе Коцев резигнирано: „Вие ги отепавте малите фирми! Сега и големите фирми размислуваат како да преживуваат, со вакви астрономски суми за плаќање сметки за електрична енергија крај ни се пишува, уште малку со вакви суми за купување струја банкрот сме“. Ставре Накев повикува: „Ставајте даноци на сè и сешто, полнете го буџетот“, додека Филип Андревски објаснува: „Буџетот се празни со наместени тендери, партиски вработувања, службени возила, службени бифтеци... А секојдневно и секојмесечно го преполнуваат граѓаните!!! И пак институциите не функцинираат, патиштата со дупки. Во Албанија и Косово не видов дупче на патот, во Македонија ги искршивме колите. Бруки!!!“


Државниот завод за ревизија ги прегледал финансиските извештаи во МВР, а ревизорите се сомневаат во нив. Приходите од издавање разни документи не се евиндетираат согласно основата по која се остваруваат, велат ревизорите. И по оваа наша информација забелешки. Кемал Осман постирал: „Крадете, крадете, само крадете“, а Ивица Атанасовски дури со клетва: „Од краденото аир да не видите“.


Политичкиот аналитичар Марко Трошановски во рубриката „Меѓу редови“ смета дека „На власта не ѝ одговара да има предвремени избори сега, кога незадоволството е највисоко, но доколку опозицијата одлучи да мобилизира граѓани на бранот на ова наталожено незадоволство, притисокот да се направи таков чекор значително ќе порасне“.

Трошановски – Наталоженото незадоволство ќе го зголемува притисокот за избори
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:52 0:00
Директен линк

Според коментарите на нашата ФБ страница, граѓаните како да се изморени од избори. Александар Симеонов смета: „Наталоженото незадоволство и досегашното искуство ќе ја зголемува апатијата за избори“, а Агим Авдиу постирал: „Па после со изборни ливчиња и со национализам ли ќе се грееме??!!“, мислејќи веројатно на парите што државата ќе ги даде за избори. Зоран Лазаров напишал: „Ако се гледа наталоженото незадоволство на народот, тогаш вмровците никогаш нема да дојдат на власт после сè што направија во нивното 11-годишно владеење!“ Кирил Велкоски постирал. „За со нова незнајме, ама за со овие сега со сè се виде...“ Сенад Пурковиќ му реплицира на Велкоски: „А ти гатач ли си? Претходната ја видовме, во мала криза ги спакуваа парите и во гепек сосе нив избегаа!!! Овие се далеку од идеални, но прво повеќе од две години со светска Ковид криза се бореа, а сега во опасност од општа светска војна и во услови на тешка економска криза и натаму се борат, притоа немилосрдно опструирани од опозицијата која директно и отворено работи против Македонија!!!!“ Маја Арнаудов со свое мислење: „Ќе ви гласа Цуцко“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG