Достапни линкови

Кој кого уценувал и кој е жртва - вие коментирате!


Суспендираната обвинителка Вилма Русковска и еџк директорот на Финасиката полиција Арафат Муареми

Рускоска - Муареми, судири, уцени, криминал, корупција, политичари... и изборите, секако се во вашиот фокус на коментари и мислења на информациите објавени на нашата Фејсбук страница.

„Случувањата во Обвинителството и во Финансиската полиција покажуваат дека има некој судир внатре во власта“, вели универзитетскиот професор Гордан Калајџиев, во неделното интервју на РСЕ. Тој исто така смета дека „сето тоа прилега како обвинителките да се жртва на некој што е заинтересиран да не се истражуваат определени структури“.

Калајџиев - ДУИ се недопирливи, како заштитени бели мечки
please wait

No media source currently available

0:00 0:12:28 0:00

Посетителите на нашата ФБ страница го коментираат професорот на различни начини. Марјанчо Ангеловски, на пример, се согласува дека има судир во власта: „СДСМ е уценувана тројно, не само од ДУИ и Алтернатива, туку и од албанското крило во власта. Зекири е во притвор, а Арафат под истрага“. Ангеловски го обвинува и „нарцисоидниот егоист“, како што напишал, „З.З. и седнувањето на преговори во Пржино 2015-та, изолирајќи го движењето – граѓанскиот сектор од Шарената револуција. Како и резултатот од застанувањето на чело на Советот за реформи во правосудството и негово напуштање“. Ставре Бојковиќ ги обвинува новинарите: „Ние немаме истражувачко новинарство, туку се стават на страна
на криминалот и навивачки кон политичките партии, а не кон вистината за сузбивање на криминалот“. Во друг пост предлага „конструктивен предлог и решение... формирање Јавно обвинителство по примерот на Косово, од меѓународни јавни обвинители и комплетна реформа на судскиот систем“. Реџеп Гаши забележува по директниот пренос на нашево Радио на изјавата на суспендираната јавна обвителка, Вилма Русковска: „ДЕСЕТ микрофони од сериозни медиуми и ниеден сериозен новинар не ја прашува ВИЛМА Русковска: ’Што е со 18 предмети од СЈО за кои се завршени истрагите и не подигнувате обвиненија веќе две години!?‘“

Конечно се одржаа нови избори во општините Центар Жупа и Маврово-Ростуше за градоначалници и во Тетово за нов Совет. Нашата информација е насловена: „ВМРО-ДПМНЕ прогласи двојна победа по изборите во Тетово, а СДСМ објави дека се победници во другите две општини“. Анна Јакимова постирала: „Ужас! И едните и другите“, а Филип Лаовски резигнирано: „Одлично, пак сите победници... Само ние потепани!“ Влатко Поповски реагира: „На нашиве политичари не им иде паметот. Народов крај со крај врзува, тие слават победа. Бруки едни. Сокријте се, да не ве гледаме“. Мирослав Микифор Спироски со иронично жалење: „А што тоа... некакви ’избори‘ имаше во северЏанијава... Ооо, греови...“

Читателите на веб страницата на РСЕ ја следат и ја коментираат и војната во Украина.

Нуклеарка во опасност, Украина се подготвува за најлошото
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:12 0:00

По информацијата дека Пентагон 19-ти пат обезбедува воена помош за таа земја откако почна руската агресија врз неа, Петер Веселинов на ФБ напишал: „Слушам и читам дека Украина е во банкрот... а овие демек уште ги помагаат со железо за истребување на украинската нација“. Аце Костески објаснува: „Ние ја гледаме индиректната војна помеѓу САД и Русија на неутрален терен во Украина! САД се попаметни, трошат финансии, но не и животи на свои граѓани, Русите се тие трошат и финансии и човечки животи!“ Потпишан со Џек Форман коментирал: „И рускиот народ не е толку глупав... се лажат сиромашните од селските средини и малцинствата таму. Путин мислеше дека ќе победи за 3 дена ама го лапна јадецот, ова ќе му биде крајот“. Ристе Димитров се подбива со мислењето на Елизабета Госпожа За Вас кој мисли дека „Побрзо ќе се исцрпи САД од Русија која стратешки, воено и финансиски станува се посилна“. Па Ристе Димитров се смее: „Ахахаха!!! Многу јако познавање на економиите на УСА и Руската Федерација!!!“

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG