Парите беа пронајдени во семејниот дом на родителите на судијата. Оваа акција е продолжение на истрагата од декември кога беше уапсен адвокат кој барал пари од осомничено лице за да даде поткуп и да влијае кај апелационен судија.
Видеата споделени онлајн на 13 јануари покажуваат огромен број вреќи со тела во судскиот медицински центар „Кахризак“ во Техеран, што укажува на обемот на бруталното задушување на антивладините демонстрации. Една група за човекови права проценува дека најмалку 2.000 луѓе се убиени.
Пред целосната инвазија на Русија, во ова време од годината, овие украински градови се подготвуваа за празниците. Денес, во Мариупол, Бахмут, Севјеродонецк, Мирнохрад и Покровск, цели населби se во урнатини.
Земјите од Западниот Балкан изразија различни реакции на нападот на Соединетите Американски Држави врз Венецуела во саботата, кој му претходеше на апсењето на венецуелскиот лидер Николас Мадуро и неговото спроведување во притвор во Њујорк.
Граѓаните ширум светот ја прославија Новата 2026 година со огномет, концерти и разни собири. Како беше прославена низ целиот свет? Погледнете ги фотографиите.
Американскиот Конгрес во предлогот за обемниот Закон за одбрана оцени дека зависноста на земјите од Западен Балкан од руските фосилни горива ги врзува нивните економии и политика за Москва и ги попречува нивните аспирации кон европска интеграција
Маврово често може да се видат импровизирани кампови на оние што сечат дрвја.
Селото Врбен во Националниот парк Маврово е само една локација каде се исечени деценски стари дрвја.
Хидроцентралата на реката Какачка во Националниот парк Маврово е една од четирите кои беа изградени во изминативе десетина години.
Украинските безбедносни служби објавија видео од она што го нарекоа подводен напад со беспилотно летало врз руска подморница закотвена во црноморското пристаниште Новоросијск. Русија возврати со свое видео, наведувајќи дека предметната подморница не е оштетена.
Од почетокот на есента, главниот град на Узбекистан, Ташкент, редовно се рангира меѓу градовите со најзагаден воздух. Откако претседателот Шавкат Мирзијоев формираше посебна комисија, службениците спроведуваа рации против загадувањето во локалните бизниси.
Вчитај повеќе