Септември ќе биде последниот работен месец за пратениците пред кампањата за локалните избори, до кога треба да се заокружат сите закони што пристигнале во процедура. Нема да има нов обид за измени на Изборниот законик, а до изборите нема да се избере нов претседател на ДКСК и Народен правобранител.
РСЕ доби видео на кое се гледаат десетици мигранти заглавени со денови на московскиот аеродром Жуковски. Ги држат во тесни соби во лоши услови, чекајќи депортација.
Поројните дождови во Пакистан предизвикаа големи поплави, при што повеќе лица загинаа, а парализираа неколку делови од земјата во последните недели. Радио Машал на РСЕ разговараше со луѓето во округот Бунер, кој е еден од најпогодените од поплавите и лизгањето на земјиштето.
Државниот завод за ревизија констатира дека мерките и активностите за заштита на жените-жртви на родово базирано и семејно насилство не се доволно ефективни за превенција, поддршка, заштита и целосна реинтеграција на жртвите.
Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин заврши во Алјаска без јасни чекори кон, како што рече Трамп, неговата цел: прекин на огнот во Украина.
Инцидентите ја одбележаа третата ноќ по ред антивладини протести во Србија. Судири меѓу поддржувачите на владејачката Српска напредна партија и демонстрантите избувнаа во Белград.
Тензиите низ цела Србија се разгореа, откако поддржувачите на владејачката партија се судрија со антивладините демонстранти во повеќе градови.
Во текот на своите 25 години на власт, рускиот лидер Владимир Путин се сретнал со пет различни американски претседатели - Бил Клинтон, Џорџ В. Буш, Барак Обама, Доналд Трамп и Џо Бајден - вкупно 48 пати. Следува нова средба со Трамп. На 15 август во Алјаска.
Во заедничка изјава европските лидери порачаа дека се потребни безбедносни гаранции за Украина ефикасно да го брани својот суверенитет и територијален интегритет. Пораката доаѓа откако беше најавена средба на Трамп и Путин, а американскиот претседател спомена и потенцијална размена на територии.
Вчитај повеќе