Тетовската трагедија и (не)прифатените оставки

Тетово- градоначалничката на Тетово Теура Арифи, премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче на состанок на кризниот штаб

Пожарот во тетовскиот модуларен Ковид центар, оставката на министерот за здравство Филипче, како и писмото со поддршка до него од директорите на здравствените установи во фокусот на вашите коментари

На нашата ФБ страница доминираат коментарите по несреќата во тетовската модуларна болница и 14-те жртви во пожарот, како и за неделното интервју е со директорката на Клиниката за инфективни болести, доктор Милена Стевановиќ, во кое зборува токму за модуларните болници како помошни објекти за сместување и лекување на заболените од корона вирусот и за состојбата со пандемијата во земјава.

Д-р Стевановиќ, покрај другото вели дека (не)верувањето во Ковид е клучно за борбата против пандемијата и дека сите модуларни болници „имаат свој технички прием и градежни документи без никаква замерка, а илјадници пациенти кои се лекуваа во нив беа спасени“, вели таа.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Стевановиќ: Кај нас не умираат повеќе пациенти од ковид отколку во светот

Соња Китановска Василевска, веројатно губејќи од предвид дека токму вирусот ги прави компликациите кај пациентите што имаат други заболувања, со забелешка: „... Треба да одговорите зошто прифативте дијагностика само врз база на тој фамозен ПЦР тест и на тој начин внесовте непотребна паника и го злоупотребивте терминот ʼзаболениʻ, а без обдукција како причина за смрт пишувате ʼКовид 19ʻ, кога Бухова и Венко признаа дека најголемиот дел се со други тешки коморбидитети?...“ Билјана Петрушева се согласува: „Браво за ставот! Повеќе од 500 илјади евра потроши овој осиромашен народ за ПЦР во приватни лаборатории. 6.000 мртви сите во болнички услови?! Битно беше да се создаде страв...“ Ѓул Ѓулче Астор со прашање: „Зошто никој не прашува за смртноста од ковид во приватните клиники?“, а Теута Ѓуладин-Хелон додава: „Ниту за посетите таму. На интензивна нега“. Зоран Деспотовски коментира дека „Воопшто ʼне е важноʻ што во модуларните болници не се инсталирани противпожарни системи и што немаат ниеден противпожарен апарат како што и беше во тетовската модуларна болница спрема исказот на еден од преживеаните...“

Видете и ова: Како 11 септември 2001 година го смени светот

Реакции на писмото на директорите кои ги подржаа министерот Филипче

Директорите на јавните здравствени установи со писмо му испратија поддршка на министерот Венко Филипче, а ВМРО-ДПМНЕ вели „со тоа писмо директорите си ги пасуваат фотелјите“.

Сашо Станикиевски поттикнат од овие информации пишува: „Е, затоа немаме здравство и затоа болниците се гробници од вакви директори и доктори партиски војници...“, а Галина Димитрова се надоврзува: „Сите досегашни влади што ја партизираат државата се предавници. За да бидат успешни и да им служат на граѓаните институциите треба да бидат водени од најспособните и најодговорните, а не од партиската клика“. И постот го завршува со препорака: „Затоа граѓаните треба да ги стават овие две партии во мрачната историја на нашава земја“.

По нашите информации за мирниот марш на граѓаните на Тетово во чест на загинатите сограѓани во модуларната болница и засадувањето на 14 дрвја на плоштадот Илирија во Тетово во знак на почит кон жртвите има огромен број пораки со сочувство до семејствата, забележливо најмногу од Македонци.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Тетовчани одадоа почит на жртвите од пожарот

А Бајрам Хотла предлага: „Треба плаката и имиња да се напишат, и причината, а не дрвја да се садат, после една година ни трага нема да има“.