Достапни линкови

Започнува вакцинацијата на здравствените работници


Клиника за инфективни болести во Скопје
Клиника за инфективни болести во Скопје

Денеска започна вакцинацијата со првата доза на вакцината на Фајзер. Први се вакцинираат здравствените работници кои работат во модуларната болница на инфективната клиника во Скопје, а останатите кога ќе дојдат нарачаните дози. Македонија се уште ги чека вакцините.

Неколку недели спроти годишнината од почетокот на светската пандемијата на корона вирусот почна процесот на вакцинација во Македонија.

Први вакцината денеска ја примаат здравствените работници од ковид центрите кои секојдневно во изманатата година се сретнуваат со пациенти со најтешки тешки клинички слики и кои во јавноста се нарекувани вистински херои во борбата против пандемијата.

Првата линија на битката

Вакцинацијата од изутрината ја примаат здравствените работници во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

Со пратката од 4.680 дози вакцини од производителот на американската „Фајзер“, донирани од Србија , имунизација ќе се споведува само во оваа болница во Скопје, а со пристигнувањето на другите дози вакцини, ќе се врши дистрибуција низ останатите здравствени домови во земјава каде вакцинацијата ќе се спроведува во постоечките вакцинални пунктови.

Со првата пратка од 4680 вакцини од Фајзер засега ќе може да се вакцинираат се на се околу 4 илјади лица.

Пунктот во модуларната болница каде се спроведува имунизацијата со првата пратка има шест вакцинални позиции и во наредните денови ќе работи во две смени од 8 до 20 часот, а вакцинацијата ќе ја спроведуваат медицински тимови од Здравствениот дом Скопје. Според утврдениот план, термините за вакцинирање се 10 минути.

Првите 4680 од вкупно 8000 вакцини од Србија се сместени во фрижидерите во Институтот за трансфузиологија. Од Министерството за здравство информираа дека вакцините се развиени на безбедни платформи и со наведуваат дека со нив ќе се спречи ширењето на ковид-19 вирусот.

Кој се ќе се вакцинира?

Инаку досега се пријавени 4.000 здравствени работници за вакцинација, од кои околу 2.000 се во градот Скопје, а останатите се во другите градови. Граѓаните пак, кои се заинтересирани за вакцинирање против Ковид-19, во меѓувреме се пријавуваат на веб-страницата vakcinacija, на министерството за здравство и кај матичните лекари.

Еден ден во очи почетокот на имунизацијата вкупно 50.200 граѓани досега се пријавиле за вакцинирање против ковид-19 преку веб-страницата „vakcinacija.mk“, a преку матичните лекари преку системот „Мој термин“ се пријавија 23.808 лица.

Микробилогот Никола Пановски за Радио Слободна Европа оценува дека во проценти, ако се вакцинираат 500 илајди граѓани, тоа ќе биде релативно добро, наведувајќи дека околу 100 илјади граѓани што беа заразени во изминатиот период веќе имаат природен имунитет.

"Мислам дека тој број од досега пријавени, ќе расте, нема врска брзината на пријавувањетo, ако сте ризична група и дента да се пријавите ќе имате приоритет. Како здравствени работници ние сме пријавени одамна, околу 70 посто се заинтересиарни. Но, и да сакаме да вакцинираме 70 насто ќе нема толкав интерес, зашто децата помали од 20 години не се вакцинираат. Сите други треба да се вакцинираат за да има 70 проценти имунизација. А, тоа нема да се случи, ако постигниме да се вакцинираат 500 илјади граѓани е релативно добро, нема да бидеме како Израел, ама релативно е добро", вели професорот Пановски.

Тој вели дека тие 500 илјади кои се претпоставува дека ќе се вакцинираат се околу 30 проценти од популацијата, но додава дека претходно имунитет по природен пат стекнаа околу 100 илјади граѓани, а додека заврши имунизацијата тој број претпоставува дека ќе биде околу 150 илјади.

5 поенти за вакцинирањето против Kовид-19 во Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:13 0:00

Во изминатиот период од над 10 илјади анкетирани здравствени работници во државното здравство 67,7 проценти се изјасниле дека сакаат да се вакцинираат против ковид 19 вирусот. За расположението на граѓаните нема официјално истражување.

Инаку, според планот на министерството, предвидено е откако прво вакцина ќе примат здравствените работници, кои работат со Ковид - пациенти во клиники и домови за стари лица , како и матични лекари и вработени во лаборатории, потоа можност за вакцинација да добијат и сите граѓани над 70 години. Станува збор за бројка од околу 14.200 здравствени работници и над 170 илјади лица кои имаат над 70 години. Во првата фаза треба да се имунизираат 100 илјади лица-здравствени работници и луѓе над 70 години, кои во рок од 21 ден треба да ја примат и втората доза.

Во втората фаза, се вакцинираат: лица над 65 години, лица од 18 до 64 години со коморбидитети, здравствени работници ИЈЗ и ЦЈЗ, фармацевти, стоматолози и друг здравствен пероснал, вработени во витални институции како полиција, војска, парламент, Влада, во образовни институции и градинки со предност на оние кои одат со физички присуство на работа.

И во третата фаза се вакцинираат сите преостанати лица од повеќе групи: вработени во други важни дејности, како прехрана, транспорт, производство на лекови, комунална хигиена, банкарство, земјоделие, образование, здравство со низок ризик на зараза и сите други граѓани кои сакаат да примаат вакцина на возраст од 18 до 64 години.

Која вакцина да се избере?

Вакцинацијата се смета за почеток на крај на пандемијата предизвикана од корона вирусот, но ја следат и стравови во јавноста како на пример од непознатото, избор на "погрешна" вакцина и други дилеми особено во време кога има поплава од информации и полуинформации за многу работи меѓу кои и за вакцините.

Во светот има и повеќе модели и специфики на вакцини од повеќе производители, па во некои земји граѓаните имаат можност за избор на вакцина, а тоа донесе дополнителни дилеми кај дел од нив која вакцина да се избере, иако според уверувањата на стручните лица нема погрешна вакцина. Професорот Никола Пановски на прашање која вакцина да се избере вели дека претпоставува оти кај нас засега односно барем до мај нема да има опција за избор за одреден производител, со оглед на вакцините кои се пристигнатите и оние што се чека да дојдат.

"Овие осум илјади одат за здравствените работници и за нив мора да се чува втора доза. Кинеските, ако се 200 илјади, 100 илјади ќе одаат за останатите здравствени работници и за луѓе над 70години, па потоа з а луѓе кои се хронично болни. Тие 100 илјади ќе се потрошат з а нив. Значи кога ќе почнете со една мора да ја примите втората од истиот производител по три недели. И третата пратка ќе биде таа што ќе стигне. Според сегашните сознанија тоа ќе биде Астра Зенека кај што ќе има отпор кај некои луѓе да ја примаат, особено повозрасните. Ако се даде избор ако има 100 илајди од една и од друга другата 100 илајди тошаш може да се случи другата да се фрли. Прашање е дали треба избор ако нема доволно", вели микробилогот Пановски.

За вакцините на Астра Зенака во изминатиот период имаше информации дека не е ефикасна кај повозрасни граѓани, а кај нас властите кажаа и дека со неа нема да се вакцинираат лицата кои имаат над 65 години поради намалено дејство кај повозрасната популација.

Кој не треба да прими вакцина ?

Со оглед дека се работи за нова вакцина почетокот на вакцинацијата го одбележуваат и дилеми, како на пример кај лицата со алергиски реакции на некоја од состојките на таа вакцина или пак кај оние кои претходно имале алергиски ракции на вакцина што ја примиле, како и кај лица со одредени заболувања. Професорот Пановски вели дека Фајзер и Модерна пишуваат за алергиски реакции, а дека другите компании наведуваат дека тие што имале алергии треба да почекаат 45 минути во центарот за вакцинација по примот на вакцината, а останатаите по 15 минити да почекаат. Пановски вели дека за пациентите кои имаат акутни инфекции одлучуваат лекарите кои ја следат нивната состојба.

"Ми пишува една госпоѓа која имала тешки проблеми пред 7 години кога примала вакцина за грип, а е астматичар и реагира, така што, не треба да ги примаат сите кои имаат ваква анамнеза од вакцина, слична на овие што се даваат. Но тоа одлучува матичниот лекар и лекарот кој одлучува з а нив, кои имаат акутни инфекции тие не треба да ги примаат. Инаку з а другите, треба сите да се вакцинираат, кога се вакцинираат луѓе над 90 години што ги имаат сите болести, природно ги имаат, што останува за другите, јас тоа го читам..., веќе се вакцинирани 300- 400 милиони луге" вели професорот Пановски.

Oд почетокот на епидемијата, вкупниот број на Ковид-дијагностицирани во земјава изнесува 97 101, оздравени се 87 960, починаа 2 998.

Македонија уште ги чека вакцините

Првата вакцинацијата започна со 4.680 дози вакцини од производителот „Фајзер“, а во тековниот период треба се реализираат и останатите од вкупно 8000 вакцини од донацијата од Србија.

Властите на 8 ми февруари потпишаа договор со кинеската компанија Синофарм за набавка на 200 000 дози, но се уште се чека тие да пристигнат. Според најавите на премиерот Зоран Заев вакцините од Кина треба да пристигнат до крајот на февруари, а се чекаат и вакцините преку системот Ковакс. Според она што беше досега кажано преку Ковакс системот, заклучно со јуни треба да бидат испорачани 103 илјади вакцини на производителот „АстраЗенека“ а до крајот на годината вкупно 833 илjади дози.

Министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев уште од ноември лани најавија дека може да се очекуват вакцини кои на земјава ќе и ги отстапи Грција. Министерот Филипче кажуваше и дека од секоја количина што ќе стигне во Бугарија ќе се оддели една и за државава.

Во регионот, во Словенија и Хрватска вакцинацијата започна на 27 декември како и во повеќето земји членки на ЕУ, а Србија се смета за земја со процентуално најмногу вакцинирани жители и во светски рамки е четврта. Во светот најмногу вакцинирaни жители има во Изреал и Велика Британија и САД.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG