Достапни линкови

Вакцини - некој за Србија, а некој за Бугарија, вие коментирате


Табановце (14.02.2021) Министерот за здравство Венко Филипче

Првата пратка вакцини против Ковид 19 која пристигна од Србија во фокусот на вашите коментари на Фејбук страницата на Слободна Европа.

Дел од донираните Фајзер вакцини од Србија пристигнаа во земјава вчера. На граничниот премин Табановце беше организирана церемонија. Српскиот претседател, Александар Вучиќ порача дека доцнењето на вакцините било поради административни формалности со произведувачот и дека за некој ден ќе пристигне и остатокот од донацијата. Македонскиот премиер, Зоран Заев се заблагодари од името на граѓаните на Република Северна Македонија, а министерот за здравство, Венко Филипче најави дека вакцинирањето ќе почне в среда.

На Табановце предадени првите вакцини од Србија
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:09 0:00

Но, народ како народ, на нашата ФБ страница еден куп негативни реакции и подбивни зборови за церемонијата и против премиерот и министерот. И, дури вообичаено, измешани политика со соседите, некој против Србија, некој против Бугарија. „Наму викаат 4 илјади, туа 8 илјади, слики, камери, знамиња, мислиш вселенски брод сме купиле“ – напишал Најдов Роберт, а Перо Милошевски му порачува: „Да беа од Бугарија со другар ти ќе славевте“. Роберт му одговара: „Не а лафи од нас музиката ќе беше“, а Перо го прашува: „Да не ви треба рачка за тупан да ви дадам, па убаво да го дочекате Борисов“. За Игор Манасиевски „Овоа ти е најголем циркус, толку пречеци и дочеци нигде го нема, само каде нас, банална работа“. Ангел Ставров коментира на сметка на премиерот Заев: „Срам немаш, просјак неспособен си...“. Драган Угриновски смета дека потегот е „Реклама за Вучиќ, а срам за Заев“, а Јанко Ѓоргиев му порачува: „Каква реклама, помош за братскиот народ, за кратко пристигнуваат вакцини од повеќе странци“. Единствен позитивен коментар е потпишан со Анемона: „Србија фала, со среќа Македонија“.

Огромен број критички настроени постови има по изјавата на Влатко Ѓорчев, поранешен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, кој кажа дека, цитирам: „Никој на светот нема повеќе починати по глава на жител од Македонија“.

Златко Илов веднаш реагирал: „Ѓорчев е тука секогаш нешто да тврди, но дали некогаш направил нешто да биде подобро, од пелени е во политиката, 15 години имаше да го среди здравството ако алудира на тоа, како и сѐ во оваа држава проблемите се системски и одговорност на сите влади досега без разлика која партија ги формирала, а на крајот на денот жртви се граѓаните, а не ловците на власт и фотељи...“ Зоран Димитриевски ѝ одговара на Снежан а Митева која коментира дека „И Курто и Мурто пеат иста песна“: „ОК, но најмалку Влатко има право да коментира. Нека се сврти назад, колку години ПОРАСНА со проблеми за кои беше плаќан со народни пари да пронаоѓа решенија, а не да ги остава во наследство за други!“

На Каранфиловски Мите му изгледа како Ѓорчев да е радосен со вакви вести, па му вели: „Дете, ај собери се малку...“Кајче Костовска потсетува на однесувањето на членовите на опозициската партија: „Вие сте живи, ама поради студот и короната вам ви е умрен мозокот. Досега – зошто немаше вакцини, сега – зошто има, зошто биле поклон и уште што не. Кога ќе стигнат наредните 200 илјади вакцини ќе речете дека се украдени.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG