Достапни линкови

Вакцинација или чипирање!


Нови сознанија за ширење на коронавирусот
Нови сознанија за ширење на коронавирусот

„Ќе се вакцинираме колку што имаше свест за придржување на мерките за заштита“ - ваши коментари на наши социјални мрежи.

Се чини дека коментарите во врска со короната повторно ја преземаат предноста пред другите теми на нашата ФБ страница, додека за тоа дека партиите сѐ уште се договараат за обезбедување мнозинство во Собранието за добивање мандат за Влада – нема ниту еден коментар.

Всушност, доминираат мислењата и коментарите на оние што се против вакцина за опасниот вирус. Потпишаниот со ГорСки ГорСки, на пример, оние што носат маски неумесно ги нарекува „идиоти“ и смета дека тие „први ќе се вакцинираат“. Денис Мемедоски напишал: „Прво го направија Ковид-19, после тоа вакцина, некој мора да прави пари“. Елизабета Шпољариќ како да се чуди: „Вакцина!? Кој гарантира дека е права“, а Виктор Камчев великодушен: „Кој сака нека се вакцинира, јас гратис му ја давам мојата“. Сузана Панева постирала: „Прво сите од власта да се вакцинираат, нивните деца, цели семејства, пријатели... Ние ќе почекаме да видиме нус појави, па по 20-ина години и ние ќе се збоднеме“, а Мухамер Хасани вели: „Прво ќе почнеме од парламентарците, од вработените во сите медиуми што лажат, па тие што носат маски, па полицијата, за нас сиромавите нема да остане и така мразиме вакцини“. Даниела Стојановиќ–Каргов со ироничен пост: „Едвај чека вакцина. Само така ќе можам да си дојдам дома. И да, како чипирана нема да се изгубам. Одма ќе ме најдат“. Од друга страна пак Манојловска Марина постирала: „Ќе се вакцинирам и ич не мислам, само нека ја најдат“. И Љиљана Којиќ е за вакцинирање: „Јас прва ќе се наместам како за грипот. Таа вакцина ме спаси зимата... Лани се грипосав зашто не се вакцинирав“. Благојче Атанасовски, пак, реален: „Ќе се вакцинираме колку што имаше свест за придржување на мерките за заштита“.

Неделното интервју на РСЕ е со Александар Стојанов, директор на Центарот за јавно здравје, кој апелира да се почитуваат мерките за заштита бидејќи „медицинскиот персонал е преморен и не можеме да го увеземе“.

Да се почитуваат мерките, оти медицински персонал не можеме да увеземе
please wait

No media source currently available

0:00 0:13:24 0:00

Оние што постирале и нему не му веруваат. Драги Арабаџиев со иронија: „Што се мора, мора. Мора да се одработи изјавата бидејќи од силнава епидемија народот заборава на неа во секојдневните обврски“. Благородна Ицева, меѓутоа, смета: „Додека не се преземат поригорозни мерки, младите ќе лудуваат, а многу граѓани ќе настрадаат“. Но за Мирјана Танева короната била „виц“, како што напишала.

Онлајн учењето - Успешно или не?
please wait

No media source currently available

0:00 0:07:01 0:00

Во врска со информацијата дека над половина родители, наставници и директори на училишта се за настава во школо, има само еден коментар. Борче Мицевски напишал: „Ова е најголемата ЛУДОСТ да ги пуштиш децата во училиште во време кога секој ден е зголемен бројот на заразени“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG